Изразувајки сочуство на денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста ги потенцираше сплетот на околности кои претходеа во ресорот здравство на трагичниот пожат кој што однесе 14 човечки животи во тетовската модуларна болница.
Според Мицкоски оставката од морални причини за Министерот за здравство не е прашање на приоритет кога да се случи- таа треба веднаш да биде поднесена. Мицкоски на прес конференцијата ја истакна потребата од кривична одговорност во овој трагичен случај со што семејствата на загинатите и целокупната македонска јавност ќе имаат барем малку утеха и верба во системот на државата и институциите.
токму затоа во претстојниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе превземе серија на чекори со кои што ќе допринесе за расветлување на овој трагичен случај.
ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе превземе повеќе чекори во расчистување на оваа трагедија. Првиот чекор е давање рок до вторник, но пред тоа министерот Филипе и неговиот заменик да ги достават оставките до Собранието. Доколку не бидат овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со другите партии, ќе поднесе предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. Нема интерпелација, да не биде како изминатите интерпелации, и никогаш повторно да не бидат точка на дневен ред. Има таква можност според деловникот. Нема повеќе простор и нема место за криење на неспособни владини функционери. Штом премиерот Заев си игра со народот, и не ги доставува оставките до Собранието, тогаш ние ќе превземеме мерки,”
-соопшти Мицкоски од партиската говорница.
Целата прес конференција заедно со новинарските прашања упатени кон Мицкоски погледнете ја во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано