Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него (Галерија)

Пренеси го гласот

Пејачот на рок групата The Doors, Џим Морисон, за жал починат на неговата 27 годишна возраст, за тие негови години успеал да стекне енормна слава, за многу тогашни но и идни генерации. Сигурно не интересирале кои биле неговите љубовни врски или афери, како и пороци, но овие факти за него сигурно не сте ги знаеле.

1. Имал коефициент на интелигенција од 149

Морисон бил голем обожавател на филозофијата, поезијата, а обожавал и демонологија од 16-тиот век. Морисон дипломирал на Универзитетот UCLA во насока театарска уметност.

2. Ван Морисон го научил на сè што знае

Џим уште на факултет го запознал Реј Манзарек, клавијатурист и колега во бендот The Doors. Во книгата на Денсмор „Јавачи на бурата“ (Riders on the Storm), пишувал за времето кога биле предгрупа на бендот на Ван Морисон во 1966-та година и дека Морисон научил многу работи.

„Џим Морисон учеше брзо од Ван – неговата непромисленост, начинот на кој ја импровизира поезијата на рок ритам, дури и неговата навика за клекнување.“

3. Добил забрана од шоуто на Ед Саливан

При најавено појавување во едно од најголемите шоуа на американската телевизија во тоа време – шоуто на Ед Саливан, продуцентот го замолил бендот да замени неколку стиха од песната „Light my Fire“. Бендот се согласил со промената, но откако продуцентот заминал Морисон изјавил дека нема да променат ни збор. Ед Саливан бил гневен и им кажал дека Саливан ги сакал за уште шест емисии, но соработката прекинала тогаш.

4. „Riders on the Storm“ била инспирирана од сериски убиец

Иако многу од песните се инспирирани од врската на Морисон со Памела Курсон, најпознатата строфа потекнува од сценарио што Морисон го напишал за вистински сериски убиец – Били Кук кој убил шест луѓе додека планинарел во Калифорнија.

5. Toj e првиот член на „Клубот 27“

Морисон умрел од предозирање со дрога во 1971-ва година во Париз на 27-годишна возраст, а почива на гробиштата Pere Lachaise во Париз.Постоел мит дека Морисон ја лажирал неговата смрт, а се појави клип на Јутјуб од човек кој тврди дека разговарал со Морисон кој наводно живеел во Њујорк.

Креирано од:


Пренеси го гласот