Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Интервју со Игор Јанушев: Во “тројката” гласајте за број 14 за четиринаесет пратенички мандати за листата на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

*Брегалнички.мк: – Добравечер, денес разговараме со Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ г-динот Игор Јанушев, воедно и носител на листа за пратеници во Изборната Единица 3

*Брегалнички.мк: – Добродојдовте во Делчево г-дине Јанушев.

**Игор Јанушев: – Добро ве најдов, благодарам за поканата и поздрав до сите делчевчани.

*Брегалнички.мк: – Како ви се допаѓа нашиот град?

**Игор Јанушев: – Па со оглед на тоа дека не ми е првпат, многупати сум доаѓал во Делчево, секогаш уживам кога сум тука, уживам во природата уживам во буквално се она што го нуди градот- храната, гостопримството, начинот на кој што луѓето тука се однесуваат, опуштеноста, начинот на кој што комуницираат, а нормално уживам во вашиот дијалект.

*Брегалнички.мк: – Кој според вас е најзначајниот делчевец во минатото кој што го знаете?

**Игор Јанушев: – Па да бидам искрен, не познавам многу делчевци кои што се познати во својата област, но ако не се лажам мислам дека имаше еден познат фудбалер од Делчево.

*Брегалнички.мк: – Кој поединец или настан од вашето опкружување во младоста кај вас изврши најголемо влијание за да тргнете по патот на ВМРО?

**Игор Јанушев: – Па веројатно беше тој период кога се зачленував во Унијата на млади сили во Велес, во мојот роден град каде што израснав и се школував. Оној период кога во раните деведесети беше транзицијата, целата таа неправда која што ја имаше кон најголем дел од луѓето во Република Македонија. На некој начин ја препознав авангардата која што ја носеше Унијата на млади сили, бунтовноста… така да мислам дека тоа беше моментот кој што беше пресуден во тоа време да се приклучам во редовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот комитет во Велес. Нормално дека подоцна со годините веќе е идеологијата, патриотските чувства, гордоста да се биде Македонец и буквално да не осеќаме срам да кажеме дека сме патриоти и дека си ја сакаме државата.

*Брегалнички.мк: – Кој функционер во минатото од СДСМ според вас е најсветлата а кој најтемна фигура во историјата на современа Македонија?

**Игор Јанушев: -Па би почнал од второто: Најтемна е дефинитивно Зоран Заев. Без разлика што не е претходен туку е се уште актуелен, но тоа е за уште некои десетина денови од денеска, а потоа ќе го пратиме на темната страна на историјата . Најсветла, не знам можеби Гордан Георгиев

*Брегалнички.мк: – Имавте кампања “Летувајте во Македонија”. Каде би го поминале вие вашиот летен одмор годинава?

**Игор Јанушев: -Па веројатно би направил некоја комбинација од планина и езеро. Доколку бирам езеро нормално дека тоа ќе биде Охрид, со сите убавини кои што ги носи Охрид. А секако дека делот во планината и планинскиот туризам би бил на некој локалитет овде во Малешевијата.

*Брегалнички.мк: – Кое место(а)/локалитет(и) во Брегалничкиот регион најмногу ви се допаѓаат, и зошто?

**Игор Јанушев: -Уф! Ова е тешко прашање. Ми се допаѓаат повеќе места овде и во околината на Делчево, исто така во околината на Берово. Не би сакал да издвојам некоја особено. Сум ги посетил најголем дел од нив било на еднодневна екскурзија или дружба со блиските, било тоа да сум останал малце подолго. Како што кажав и на почетокот, убавината која што ја имате овде во целиот овој регион е фасцинантна.

*Брегалнички.мк: – Доколку би имале домашен миленик кому би го оставиле да го чува на подолг временски период?

**Игор Јанушев: -Па впрочем имам домашен миленик. Макар што последните години морам да признам дека не се гружев воопшто за него, таа обврска е на татко ми. Имам куче од расата Чау-Чау и нормално дека би го оставил на татко ми.

*Брегалнички.мк: – Како се опушта Игор Јанушев после долгиот и напорен работен ден?

**Игор Јанушев: – Во еден нормален ден, најголемото опуштање ми се децата, двата сина. За жал овој период е таков каде што буквално и немам прилика да ги видам. Добар филм, добра музика, и секако пред заспивање со добра книга.

*Брегалнички.мк: – Што би избрале: Градско кино или домашно кино?

**Игор Јанушев: – дефинитивно домашно кино. Не сум тип на човек кој што редовно оди во кино. Буквално кога сакам да погледнам филм, сам дома , многу гласно со сите можни ефекти значи сам да уживам во филмот.

*Брегалнички.мк: – Доаѓате од Велес, град кој што е познат по големиот број на Македонски револуционери и дејци посветени на каузата за независна и просперитетна Македонија низ историјата.  Гледате ли ваков потенцијал денеска помеѓу младите велешани кои достојно го следат патот на своите претци?

**Игор Јанушев: – Да. Дефинитивно го гледам тоа. Велес е град кој што ги дал гемиџиите, ги дал Васил Главинов, Кочо Рацин , Џинот, плејада на луѓе кои што твореле се залагале се бореле за Република Македонија и сопствениот народ. Отсекогаш, можеби ќе звучи нескромно на некој начин сме биле авангарда во Република Македонија низ историјата. За жал во еден период, особено во периодот на 90-тите и транзицијата Велес беше доведен на едно многу незавидно ниво

*Брегалнички.мк: – Што му недостига денес на Велес за да биде модерен и просперитетен град?

**Игор Јанушев: -Веројатно истото она што недостига и во целата држава. Недостига нормалност.

Нормалност буквално за сите. Нормалност за вас и за сите останати млади луѓе, да не се обременети со политиката.

Едноставно да имаат детство и младост какво што имаат и младите луѓе ширум светот. Да може да се насочите кон образованието, учењето, кон инвестирањето во самите себе, но истовремено да уживате во благодетите на младоста. Дружбата излегувањето, спортувањето… мислам дека тоа е нешто што недостига најмногу во Република Македонија. Покрај сите проблеми. Друг сегмент кој што исто така влијае на сето ова кое што зборувам е и економско-финансискиот дел бидејки секогаш и за жал во таков свет живееме каде што на некој начин се е поврзано со финансиската моќ и парите. Она што сепак недостига е нормалноста.

Да можеме нормално да функционираме, како млади луѓе да излеземе во град, да се дружиме. Да има содржини, да можеме да идеме во кино, театар, парк, обична дружба во кафуле… тоа е тоа што недостига.

*Брегалнички.мк: – Се вратија ли младите велешани во Велес како што вети Зоран Заев во последните 3 години ?

**Игор Јанушев: -За жал младите велешани исто како и младите делчевчани, младите во Република Македонија не се враќаат.

Ние сме свесни дека една од главните работи на кои што мора да се фокусираме е како прв чекор да го спречиме исселувањето. Да создадеме таква нормалност каде што младите и сите останати повеќе ќе сакаат да останат во државата. Ќе сакаат да останат овде да учат, овде да инвестираат во себе, ќе сакаат овде да бараат работа. И ако успееме тоа да го постигнеме а јас навистина верувам дека оваа наша генерација може тоа да го постигне, дека дури потоа и тие што ни се исселија, ќе почнат едноставно да размислуваат и да ни се вратат.

*Брегалнички.мк: – Зошто “Обновата” на ВМРО-ДПМНЕ е подобра од “Можењето” на СДСМ?

**Игор Јанушев: – Обновата е подобра буквално за се што нуди СДС.

bregalnickimarketing

Бидејки се она што го ветува СДС е истото нешто што го ветуваше во 2016 година, што го ветуваа и на сите претходни изборни циклуси. Во нивниот вокабулар единствено нешто што можеме да сретнеме е “ЌЕ”. Тие секогаш ќе направат нешто, ќе реализираат некоја мерка ќе направат некој проект. За жал можам да констатирам дека “ЌЕ” кога ќе го претвориме во глагол е “ЛАЖЕ”. Единствено што прават е лажат и манипулираат со народот.

Јас знам и сум свесен дека се уште еден дел од граѓаните имаат замерки за тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеало да направи но факт е дека единствен кој што во државава градел патишта, носел странски инвестиции, создавалал можност не само за младите туку сите да работат… кој што правел реформи во образованието, инвестирал во здравството, тоа било ВМРО-ДПМНЕ. И не за џабе народот тоа го препознава бидејки кога ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе и ќе вети нешто тоа ќе го направи. Кога ќе го стави во својата програма дека тоа секогаш се исполнува. Да, можеби за некои работи знаеме да задоцниме, за некои работи треба повеќе време од тоа што првично сме го планирале, но истрајноста упорноста и работливоста е одлика на ВМРО-ДПМНЕ а тоа народот го препознава. За разлика од СДСМ ние не го потценуваме сопствениот народ и силно веруваме дека тоа не прави поразлични. Ние се разликуваме пред се и во нашите гледишта и ставови во политиката не како политика, туку политики во кои што треба во различни сегменти да се развива државата.

-Едноставно и тоа морам за жал да го констатирам е дека СДСМ стана синоним за неуспех.

Ако ги земете овие два збора единственото нешто што може да го имате е знакот за равенство

*Брегалнички.мк: – Се наоѓаме во Делчево-град кој го носи името на Гоце Делчев.  Што мислите дали доколку Зоран Заев формира влада после претстојните парламентарни избори дали ќе се дрзне да го промени името и на нашиот град и на сите институции што го носат името на Гоце Делчев.

**Игор Јанушев: – Морам да кажам дека од тој човек очекувано е буквално се. Јас сум убеден дека Зоран Заев, Љупчо Николовски и сите во ова раководство на СДСМ се спремни буквално се да прифатат само за да си ја сочуваат соспствената кожа. Не само сопствените фотељи туку да спречат да одговараат за сите злодела кои што ги направија. а јас ве уверувам дека тоа нема да го дозволиме.

Гоце Делчев е Македонец, Гоце Делчев е столбот на Македонската држава, стожерот на се она што денес го имаме и не може да биде ништо поинаку. За тоа исто како и за Македонскиот јазик нема простор за преговори. Тоа секогаш ќе биде така а ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на браникот на Македонските национални интереси.

Една од работите на кои што многу интензивно ќе се работи во наредните 4 години е враќање на Македонското национално достоинство.

Многу луѓе ме прашуваат, добро што мислите со тоа. Јас се обидувам вака да им објаснам. Кога ќе ја слушнете Македонската химна или кога ќе го видите Македонското знаме да се чувствувате горди. Тоа е нашата цел во следните 4 години покрај сите проекти кои што ги планираме.

*Брегалнички.мк: – Што мислите зошто Љупчо Николовски бега од јавна дебата со вас?

**Игор Јанушев: – Во многу наврати во претходниот период повикав било кој во државава. Не мора да е СДСМ, нека не е СДСМ, нека не е ВМРО-ДПМНЕ, нека не е ДУИ или Алијанса , нека не е политички, нека е неопределен човек, не битно дали е Македонец, Албанец, Бошњак, Ром… без разлика православен, муслиман- небитно.

-Еден човек во државава кој што не мора на официјален медиум- на социјален медиум да објаву слика од еден проект кој што СДСМ го осмислиле, го проектирале, го финансирале и еве не мора да биде завршен… барем да го започнале во овие три ипол години. Такво нешто не постои.

Еден проект, една мерка немаат реализирано. Затоа бегаат од дебата. Затоа што немаат што да кажат. Единственото што го прават е да се обидат преку лаги и манипулации да ја зачуваат сопствената кожа.

*Брегалнички.мк: – Колку е тежок предизвик да се биде Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во овие времиња?

**Игор Јанушев: – Е предизвик, но убав позитивен предизвик, барем за мене лично бидејки сум променил многу работни места, сум почнал да работам многу млад и не се срамам од тоа. Сум работел во трафики во драгстори, сум работел многу различни работи додека сум студирал и пред студите. Во текот на професионалната кариериа исто така сум променил неколку работни места .

Можеби ќе звучи нескромно но со било која работа што сум се зафатил на професионален план вродила со плод. Тоа може да се види од моето професионално CV, но ова што сега го работам тоа е работата која што најмногу ме исполнува.

Да понекогаш бара буквално и по повеќе од 15 часови дневно работа, се осеќам убаво ова да го работам и не би го менувал за ниедна друга работа.

*Брегалнички.мк: – Што би работеле доколку не би биле политичар?

**Игор Јанушев: -Дефинитивно нешто во полето на авијацијата и воздухопловството. Тоа е една од моите први професионални “љубови”. Започнав со тоа,

на свој грб го носев проектот за модернизација на аеродромите во Република Македонија. Аеродромот “Александар Велики” во Скопје и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид, носењето на WIZZ AIR, не само WIZZ AIR, многу авио компании…. учеството во втората истрага за несреќата на Претседателот трајковски со Кингерот…. Тоа е нешто каде што се имам насочено…

воздухопловното право е исто така една потесна специјалност. Така да доколку не би се бавел со политиката или во моментот кога би престанал да се бавам со политика дефинитивно би сакал да се вратам на работа во авијацијата односно воздухопловството.

*Брегалнички.мк: – Дали доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада на Република Македонија Игор Јанушев би бил дел од Извршната или ќе останете во законодавната власт?

**Игор Јанушев: -ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ќе победи, ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ќе ја предводи новата влада. На овие прашања да бидам искрен не сме ни разговарале бидејки секогаш сакаме да одиме чекор по чекор. Фокусирани сме на изборите и тоа фокусирани сме да ги добиеме со што е можно поголема разлика.

Јас немам дилема дека разликата ќе биде најмалку со двоцифрена предност во однос на бројот на пратеници пред СДСМ.

Немам никакви амбиции во однос на потребата да се гледам некаде. Стојам на располагање, нормално дека кога ќе се прави тој тим би се пронашол во онаа позиција каде што најмногу би можел пред се да придонесам за Република Македонија. Но ако треба да бидам тогаш би го одбрал местото каде што сум , да бидам Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

*Брегалнички.мк: – Што би им порачале на нашите читатели, жителите на Брегалничкиот регион и сите Македонци каде и да се?

**Игор Јанушев: -Би сакал да порачам неколку работи. Најпрво сакам да порачам дека е гордост и чест да се биде Македонец, дека треба гордо да ја исправат главата, да ја подигнат главата и да ја исправат кичмата. Бидејки ние имаме на што да бидеме горди. Во периодот што следува, тоа што сега го нудиме ќе стане реалност. Надежта за подобра иднина , за нормален живот, предвидливоста да знаеме што не очекува да можеме да си го планираме сопствениот живот ќе биде реално за многу скоро од сега. Затоа ќе побарам поддршка буквално од секој во Република Македонија да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, да гласа за бројот четиринаесет. А овде конкретно во изборната единица 3 :

Гласајте за број 14 за четиринаесет пратенички мандати за листата на ВМРО-ДПМНЕ.

*Брегалнички.мк: – Тоа беше се. Ви благодарам.

**Игор Јанушев: -Благодарам на поканата. Поздрав уште еднаш, ми беше драго што поразговаравме.

Креирано од:


Пренеси го гласот