“Карбинци е општина помеѓу две реки, а полињата се суви. Тоа во иднина мораме да го промениме”,
-вели во интервјуто за нашиот портал Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци Виктор Паунов.
За својата општина Карбинци вели дека располага со повеќе потенцијали за локален економски развој како и археолошки остатоци од една од најстарите ранохристијански цркви во државата.
Во интервјуто зборуваме и за тимот на луѓе со кои што Паунов соработува како што вели за подобар живот на граѓаните на Карбинци. Идеите на ВМРО во неговото семејство имаат длабоки корени од неговите претци а за иднината на својата општина посакува да биде модерна општина во која граѓаните ќе имаат убав и просперитетен живот.
Почитувани читатели, драги пријатели, зад нас се месеци на макотрпна работа во борба за развој на нашата цел и визија. Во месеците пред нас подготвени сме на уште едно повисоко ниво на афирмација на нашиот Брегалнички регион на интернет мрежата, како на регионално ниво така и пошироко. Брегалничкиот регион изобилува со луѓе, места, настани и воопшто вредности кои заслужува пошироката јавност да ги дознае. Ви благодариме на досегашната доверба, одиме чекор напред.
1.Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: За почеток кажете ни нешто повеќе за општината Карбинци, за севкупните моментални состојби во општината и за секојдневниот живот на жителите на Вашата општина?
В и к т о р П а у н о в: Општина Карбинци е општина од рурален карактер се наоѓа во источниот дел на Македонија и е дел од источно планскиот регион.
На територија на општина Карбинци се идентификуваа 29 села од кои околу 20 се населени и околу 4000 жители. Историска одлика на општина Карбинци е древниот град ,,Баргала’’ кој е сместен во близината на село Козјак покрај Козјачка река. Во самата близина на локалитетот се наоѓа и ранохристијанската црква св.Ѓорѓи која датира од 9-10 век и е една од најстарите цркви во Република Македонија.
Општина Карбинци покрај македонското население значителен број имаме и жители од турска националност кои гравитираат покрај планината Плачковица.
Денес жителите на карбинско претежно се занимаваат и егзистираат од земјоделие и сточарство и во регионот на планината Плачковица поголем дел се сточари.
2. Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: Кој е тимот кој гo предводите Вие како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци?
В и к т о р П а у н о в: Имам чест да работам се еден енергичен нов млад тим составен од луѓе со реални визии и желби за подобрување на ликот на општина Карбинци и стандардот на граѓаните. Секако оваа енергија и знаење се подржани и од мудроста на ветераните и од активистите кои до сега оставиле огромен придонес во партијата. УМС со огромна жар дава свој максимален допринос, заедно со Унијата на жени кои со својата огромна посветеност ја прават целината комплетна. Со тоа Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци функционира со неизмерна блискост налик како едно пошироко семејство.
И тоа е она што Општинскот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци го прави поразличен од актуелната локална власт и нашите политички конкуренти. Блискоста меѓу нашето членство се пресликува и како блискост со жителите на Карбинци, и секако тоа можеме да го потврдиме со нашите активности во изминатиов период а така ќе продолжиме и во иднина.
Оваа локална власт е убедливо најлошата власт досега во општина Карбинци, власт со најмногу афери и скандали и власт со најмалку реализирани проекти до сега. Она што ме загрижува е односот на власта кон населението.
За илустрација ќе напоменам само дека имаме населени места кои немаат исправна вода за пиење а наместо решение од власта, граѓаните за ваквиот проблем добиваат решенија за извршители и тужби.
ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе понуди конкретни решенија за овој и за многу други проблеми во Карбинци, јас како претседател на ОК и член на Централниот комитет на партијата и со добра коорелација со Извршниот Комитет во партијата ќе се залагам во иднина за решавање на проблемите овде во Карбинци секогаш во интерес на граѓаните.
3. Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: Според Вас кој е најголемиот клучен предизвик/проблем што треба да се надмине за подобрување на животниот стандард на жителите на Карбинци но и жителите од поширокиот регион околу Вашата општина (Штип, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Пробиштип,…)
В и к т о р П а у н о в: Она што е најважно во моментов во Карбинско како проблем, ќе повторам е водата за пиење и техничката вода за наводнување. Земјоделците се соочуваат со многу проблеми во делот на вода за наводнување, Карбинци е општина помеѓу 2 реки а полињата се суви . Тоа во иднина мораме да го промениме. Во комуникација со дополнителниот заменик министер за земјоделство веќе изготвуваме можни решенија околу овој проблем наскоро ќе биде запознаена и јавноста а се надевам и на брзо решавање.
4. Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: Кој е Виктор Паунов?
В и к т о р П а у н о в: Виктор Паунов е семеен човек оженет и татко на 2 сина (Филип 4 години и Петар 7 месеци). Инаку по професија сум музичар. Она што ми дава мотивација во животот се секако децата, како човек сум упорен и своите цели ги постигнувам со истрајна работа и секогаш по вистинската патека.
Во слободно време се трудам да бидам со семејството а барем еднаш неделно се рекреирам. Можам да кажам како хоби ми е возењето велосипед и понекогаш пешачењето. Со самата рекреација ја запознавам и општината на места каде што не сум бил или сум ги заборавил, а нив во Карбинци ги има толку многу…
За 10-15 години општина Карбинци ја гледам како место кое секој би сакал да живее и место кое ќе биде пример за успешна општина во Македонија. Место каде што ќе нема село без канализација, решен проблем со вода за пиење и наводнување, асфалтирани улици, дислоцирани депониии, пошумени ридови на планината Плачковица и многу други работи. Искрено се надевам дека ваквите мои очекувања ќе ги сумираме заедно после 10-тина години.
5.Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: Зошто баш ВМРО-ДПМНЕ?
В и к т о р П а у н о в: Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 година, мојот дедо е од основачите во Карбинци и лојален член од 1991 год. Можам да кажам дека на некој начин тоа е наш дом но пред се треба да бидеме објективни во размислувањата и пред се да го гледаме просперитетот и напредокот на Карбинци. Вратата на штабот на ОК Карбинци е отворена секогаш, за секого кој сака да биде дел од Обновата која ни претстои.
Станав претседател на ОК Карбинци во тежок период за партијата кога членството негодуваше за иднината и беше поделено. Тоа беа тешки моменти за партијата, јас имав план, визија како да работам и знаm дека можеме да успееме.
6.Б Р Е Г А Л Н И Ч К И: Ваша лична порака за читателите на нашиот портал?
В и к т о р П а у но в: Патот до вистината, онаа која многумина сакаат да ја скријат… Тоа е Брегалнички портал.
Б Р Е Г А Л Н И Ч К И П О Р Т А Л
[Вести од исток]
Сабота, 22.02.2020 година
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше Интервју со Никола Кузелов (Сценарист и актер)
Наше Интервју со Ана Симонова- Професорка по Македонски јазик, библиотекарка, граѓански еко- активист и гласен борец за женски права
Наше Интервју со “Банда Инструментале”: СУПЕРХИКС е бенд кој го одржува цврстата волја, желбата, другарството, упорноста, решителноста!