Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Истражувајќи ја Големата сина дупка во Белизе

Пренеси го гласот

Нуркачот Рејмон Лианеза  ја истражува ѕвездената порта која е влез за вонземјанскиот подземен свет во Белизе и Бахамите. Античките Маи верувале дека сините дупки биле портали кон подземјето и начин да се комуницира со Боговите.

Оваа мистериозна сина дупка е подводно окно на брегот на Белизе. Лежи близу централното подрачје на Лајтхаус морскиот гребен на околу 100 километри од брегот на Белизе. Дупката е речиси во форма на совршен круг со дијаметар од околу 1000 стапки и со длабочина од 400 стапки.

Формирана е како пештера на варовник за време на глацијалниот период кога морското ниво било 400-500 стапки под сегашното негово ниво и било суво копно.

Овој глацијален период започнал пред околу 120000 години а завршил пред околу 15000 години. На крајот од овој период океанската површина почнала да расте, поплавувајки ги ваквите пештери по што плафонот на истите се обрушувал. Според познатите информации за оваа дупка/пештера се верува дека е најголема од овој тип и претставува влез за систем од пештери и ходници кои пенетрираат низ оваа подводна планина. Масивни сталактити од варовник стојат обесени надолу од она што некогаш било плафон на пештери кои биле исполнети зо воздух илјадници години пред последното Ледено доба пред околу 15000 години. Со топењето на мразот се подогнало морското ниво и пештерите биле поплавени. Овој процес се случувал на периоди. Доказ за ова се еродираните хоризонтални рабови на ѕидовите од пештерите кои пополека се надвиснуваат еден над друг а се формирани под дејство на морските бранови. За некои од тунелите поврзани со оваа сина дупка се верува дека водат се дури до копното на Белизе иако овој факт никогаш не е проверен и потврден.

Мистерии и легенди секогаш кружеле околу оваа Голема Сина Дупка:

bregalnickimarketing

Ова било влез кон Ксибалба, Ѕвездена порта на вонземјани, дом на сирени и чудовишта кои живеат во темнина….

Рејмон Лианеза го истражува дното на дупката. За таа цел се нурнал два пати постигајки длабочина од 375 стапки за што му требале 4-5 часови нуркање во двата денови посебнмо.

Креирано од:


Пренеси го гласот