Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево иван Гоцевски денеска со своја прес конференција пренесена преку социјалните мрежи повторно го повика градоначалникот на Делчево да им ги исплати побарувањата на пожарникарите кои им следуваат за нивната работа за кои што тие морале по судски пат да си ги бараат.
“Горане Трајковски, за човек кој што во друштво на маса кажува дека не е заинтересиран за повторна кандидатура за градоначалник на Делчево и во многу честите обиди да ги замајуваш вашите сопартијци, нормално доколку сеуште ги имаш, некако за нас е нелогички толку често без никаква потреба да ги спомнуваш претстојните локални избори и функцијата иден градоначалник.
И немој и да си помислил дека ти ja следиме твојата политичка кариера која е минато-свршено време. Тоа се Горане муабети кои “ВАШИТЕ” ги коментираат.
Како за старт еден совет, не им jа потценувајте барем интелегенциjата на лугето од “ВАШАТА” поранешна партија кои и ве донесоа на оваа функција, а ги заборавивте.
Додека во обид да jа замајуваш Јавноста набројуваш дека си набавил расходувана опрема од странски држави, одвои барем 15 минути од твоето време што го трошиш на шетање, за да ги потпишеш налозитe за исплата на утужените обврски на пожарникарите за кои сакаш да кажуваш дека се херои. Не ги мачи лугето за да си ги добијат парите кои со закон им следуваат. Ниту jac ниту пожарникарите сме ти виновни што трошиш на непродуктивни расходи наместо за нивните неисплатени пари кои им следуваат по закон и што ти за жал не правиш разлика од плата и надоместоци од плата.
Еве Горане конкретно прашање: Зошто Горане Трајковски намерно одбегнуваш да одговориш за одговорноста за дефектот на центрифугалната пумпа на новото противпожарно возило кое го набави за над 4 илјади евра поскапо од исто такво возило набавено од општина Штип?! А со тоа намерно jа одбегнуваш одговорноста за несоодветната подготвеност на ТППЕ Делчево за брзо и навремено справување со последиците од катастрофалните поплави од 2022-та година кои за жал ja почувствувавме наімногу ние овде во Делево, а jа виде цела Македонија и сето тоа
благодарение на твојата неспособност?!
И на крај памет не ни иде и нема да се спуштиме на вашето ниво и да ве потсеќаме дека во тоа време командир на ТППЕ Делчево беше ваш близок роднина?
Едноставно не е наш стил!
Лугето околу вас едноставно не се виновни за вашата докажана неспособност и кога-тогаш како што си тргнат ќе треба да одговориш на ова прашање како и многу други што свесно со години ги одбегнуваш, ако не пред граѓаните на Делчево тогаш на друго место.
Горане Траковски во рамки на твоата “огромна” посветеност на работата на пожарникарите, излези и кажи јавно колку состаноци на Локалниот совет за превенција се реализирани од твоја страна како претседавач на истиот?
Знаеш ли дека пожарникарите се еден дел од синџирот за справување со ризици а ти
си најважната алка во целиот тој систем кој е деградиран во последните 7 години.
Кои мерки ги превзеде како градоначалник за да превенираш потенцијални идни катастрофални пожари како оние што додека ти се шеташе низ државата ja опустошија планината Средна во нашата општина во 2021та година? Таму каде што ние како општествено одговорна партија сега пошумуваме. И да знаеш дека кај нас како сериозна политичка партија, а и кај Делчевчани сеуште постои сомнеж дека зад сето ова стоеше нешто друго!
Дали се врши редовно ажурирање на составот и подготвеноста на Просторните сили за заштита во општина Делчево и зошто само во Делчево за жал не заживеа Доброволното противпожарно друштво? Што направи ти за него и неговите тогашни членови? Со овие искажани аргументи, чувствувате ли барем малку од вашата неспособност во која ние Делчевчани сме убедени?
И сакам да ми дозволиш за уште еден пријателски совет од мене кон тебе
Горане, „горд потомецу на комитите”, попријателски дури и од еден дотеран господин од другата страна на границата кој лично ти го шеташе гордо овде во центарот на Делчево а кој не нѐ признава нас Македонците како НАЦИЈА.
Запамети од мене иако сум релативно помлад од тебе, најпријателски совет од мене лично до тебе е кога го изговараш зборот ЛАЖЕ излези од кабинетот на градоначалникот не ja деградирај професијата, затоа што ако некој е шампион во лажење тоа си ти Горане, што како факт им е јасно на сите овде во Делчево за што и во наредниот период со аргументи ќе те потсетиме тебе, јавно.”
-стои во интегралниот текст на прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција