Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски на една од своите редовни прес конференции за комуникација со јавноста пред повеќе присутни медиуми ја најави кампањата за чистење на сите постојни депонии во општината.
Уште во предизборието градоначалникот Гоцевски соочен со состојбата во сите населени места во општината и населби во градот Делчево вети пред граѓаните на Делчево дека по доаѓањето на чело на општинската самоуправа во ЕЛС Делчево ќе се заложи за чистење на градот и селата кои што беа претрупани со комунален смет и останат отпад, кој што создаваше грда слика за стандардот на живеење во општината.
Градоначалникот Гоцевски во јавност го претстави генералниот план за акцијата со која ќе бидат чистени депониите, но што е поважно ќе се упати порака во јавноста дека нема да бидат толерирани практики кои што влијаат негативно на состојбата со животната средина во општина Делчево.
“Почитувани,
Поради исклучителна важност и топ приоритет на граѓаните во Делчево
тема на денешната прес -конференција е алармантно лошата состојба со ѓубрето во Делчево и состојбата со единственото Јавно претпријатие во градот.
Сакам да најавам дека започнуваме со имплементација на серија системски мерки и активности за чистење на градот Делчево и сите населени места во општината, како и дивите депонии на јавни и приватни површини низ нашата општина.
Во тој контекст врз основа на моите овластувања како градоначалник веќе дадов насоки за спроведување на кампањата:
СЕ БОРИМЕ ЗА ПОЧИСТ ДОМ: ДЕЛЧЕВО СО НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОТПАД,
Оваа кампања ја спроведуваме врз основа на итната и неодложна потреба да се исчистат депониите коишто веќе подолг период наназад гледаме дека се присутни низ цела Општина Длечево, а за кои граѓаните на Делчево и, речиси, сите населени места со право реагираат диектно до мене како градоначалник, како и преку социјалните мрежи.
Иако јавната чистота е во надлежност на работата на ЈКП „Брегалница” Делчево, таа не беше одржувана со потребниот интензитет и квалитет изминатиот период. Претпријатието е „фрлено на колена“, во секоја смисла на зборот. Најавувам длабоки кадровски промени и никогаш повеќе нема да се толерира ароганција и неодговорен однос на кој и да е локален функционер, а со тоа и на директор на единственото Јавно претпријатие во Општината.
Мора да истакнам дека техничките служби во комуналното претпријатие работат со десеткуван состав, со недостиг на механизација, човечки персонал и финансиски средства за гориво и одржување на транспортните средства.
Овој неодговорен однос, завршува денес, а јас како Градоначалник на Делчево, лично ќе ја надгледувам имплементацијата на оваа Кампања која ја реализираме за да го исчистиме Делчево.
Кампањата е поделена на два дела
- Прва Фаза- приоритетен период за реализација од 15-ти ноември до 15-ти декември 2025 година и
- Втора Фаза која ќе се спроведува континуирано во период 2026-2029 година
Целта во првата фаза е да се исчистат сите диви депонии на територијата на Општина Делчево и значително да се подобри реализацијата на Оперативниот план на ЈКП „Брегалница” Делчево за
- прибирање и одлагање на комуналниот смет од домаќинствата и приватните правни субјекти,
- прибирање и соодветно депонирање габаритен и кабаст инертен отпад од домаќинствата и стопанските субјекти.
Целта на Втората фаза е да создадеме сите заедно одржлив систем за одлагање, прибирање и депонирање на отпадот во соработка на сите надлежни локалн и институции, приватни субјекти, месни и урбани заедници, граѓански организации, како и поединци активисти кои се борат за здрава и чиста животна средина.
Во таа насока, најавувам состаноци со сите надлежни служби, ќе формираме Кризен штаб и веќе од утре почнуваме со ургентна имлементација на Оперативен план за чистење на Општината.
Упатувам личен апел до сите вработени во локалните институции, до сите граѓански организации, приватни компании и граѓански активисти за почиста и здрава животна средина да се вклучат во оваа наша акција.
Технички информации во врска со оваа кампања и на кој начин ќе може да се вклучат сите заинтересирани субјекти, ќе бидат објавени дополнително од страна на одговорно лице задолжено за имплементација на оваа активност.
Ви благодарам на вниманието.”
-рече на прес конференцијата Градоначалникот Иван Гоцевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директорот во оставка на ЈКП “Брегалница” Делчево иако e на годишен одмор, одел на работа, потпишувал налози за исплата и трошел пари на јавното претпријатие
Што се случува со локалните институции во Македонска Каменица?
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината