БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов до власта: Со политичкиот прогон засегнавте и зацрнивте илјадници македонски семејства

Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јордано по повод денешното апсење на високи функционери на опозициската партија кон јавноста се обрати со своја реакција која ја пренесуваме во целост:

Со политичкиот прогол кој наликува на радикален комунизам, засегнавте и зацрнивте илјадници македонски семејства. Со ваквите кукавички акции најмалку ќе ја згаснете критичката мисла и борбата за подобро утре во Македонија. Прочитана ви е пи-ар алатката за дефокусирање на јавноста од вашите скандали и коруптивни дејанија. 
Се ближи денот кога ќе ја слушнете и примите пресудата од народот.

-напиша на фејсбук Иван Јорданов, споделувајќи фотографии од неговите сопартијци.

Креирано од:


Пренеси го гласот