На денешната парламентарна седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија од Штип, Иван Јорданов предложениот список за нов владин состав на чело со Зоран Заев го спореди со славниот Титаник кој иако беше третиран како непотоплив брод, сепак се најде на дното од океанот под налетот на санта мраз.
“Почитувани присутни, почитувана македонска јавност, најпрво дозволете ми да го искоментирам ова парламентарно мнозинство кое што е составено од политички чинители кои што во изминатиот период го воведоа моралниот хазард во политичкиот систем во Македонија, кои што неморалното го прикажаа како морално а ненормалното како нормално.
Сето она кое што беше ветено се излажа а она кое што не беше ветено, во она што се колнеа го направија.
Така да овој владин предлог за состав на влада кој што денес имаме можност да го погледнеме слободно можам да го наречам како Титаник- влада.
Вака на прва звучи Титаник-влада, силно, моќно но ќе направам една компарација зошто Титаник.
Сами вие рековте и не уверувавте дека ќе трае оваа влада долго. Направени сте за големи цели со големи очекувања… исто како оној славен брод кој што бил направен за големи очекувања за големи цели и бил наречен дека е непотоплив, па оттаму и сличноста која што ја носите.
Но гледајќи ги партиите од владеачкото мнозинство, поголемите партии и чинители во овој парламентарен состав повеќе или помалку ми наликуваат на оние горни слоеви од овој славен брод, од оној раскош, елитизам, глумење на сива еминенција, многу пари…. А кои ги гледам оние помали политички партии од овој владин состав пак ми наликуваат на оние патници во овој славен владин брод кои што се сместени во подолните слоеви во едни многу полоши услови, но надевајки се дека можеби и тие ќе бидат дел од овој славен брод иако знаеле во какви услови ќе патуваат, надевајки се дека можеби ќе сркнат од онаа сребрена лажица исто како што помалите партии практично ништо не добија во оваа владина коалиција… Ако грешам г-дине Павле Трајанов слободно корегирајте ме.
Друга сличност која ја гледам помеѓу оваа влада и овој брод е тоа што Титаник бил потопен од санта мраз а оваа неславна влада која што исто така треба да ја интегрира Македонија кон ЕУ за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена Македонски народ.
За кратко време ќе ви се случи Македонски народ и таа санта мраз ќе ве потоне.”
-поентираше пратеникот кој ги брани интересите на граѓаните на Штип и целиот Брегалнички регион во третата изборна единица.
Остатокот од говорот на пратеникот Иван Јорданов погледнете го во видеото во продолжение: