Матурантката Ивона Тодорова од СОУ “Љупчо Сантов” од Кочани на 11 тата ораторска вечер која што ја организираше Клубот на оратори при УГД Гоце Делчев од Штип ја освои првата награда од публиката која што и донесе ваучер со 18 илјади денари.
Нејзиниот впечатлив и емотивен говор беше посветен на тагата и солзите на мајките кои што се напуштени од своите деца за да заминат во странство настрана од своите домови чиј што број во изминатите неколку години достигнал над 270 илјади млади до 29 години.
Ивона упати и своја порака до политичарите кои што се најодговорни за ваквата поразителна состојба. Погледнете го нејзиниот победнички говор на ораторската вечер која се одржа на 30 март во Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски