Се поизвесно е дека Левичари ќе му ја “скројат капата” на Зоран Заев. Оние кои го донесоа на власт во 2016 година за да денес слушаме како Заев ги нудел своите сексуални услуги за цел еден народ во неговата секојдневна комуникација со луѓе.
Новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи сподели свој статус со кој коментира неколку аспекти на развојот на настаните по објавувањето на аудио снимките на кои се слуша гласот на Зоран Заев и неговиот коментар на фејсбук во врска со ефектот на овие снимки.
Во продолжение го пренесуваме во целост неговиот коментар:
Зоки вицкаст, како што се вицкасти тие од квазиневладините што ги исповработи, кои додека повеќето правевме жртви и водевме борба за слобода за сите, тие се бореле за својот газ.Ама ќе му преседне сељачкиот хумор, кога ќе сфати колку луѓе му ги трпат каприците заради поголемата слика или за да не бидат етикетирани и стигматизирани како вмровци, и кои сега, тоа што го насетувале, гадно им се потврди.
Е дечки, а ја сепак ќе кажам, пострашно од семоќта на Зоки, неговите селективни најебувања, е тоа што оној кој што признава дека се контролирал, не направи ништо за правдата, амнестираше стотици режимлии, дели тендери со нив, ја заборави и Тамара, и Мартин, и Смилковско, и Диво Насеље.
Тоа е Зоки, смеј се додека цел Балкан ни се смее како на 9 мај пуштаме поштенски марки во чест на Павелиќ.
Тоа е Зоки трагедијата и огавноста во твојот квазихумор, што знаеме дека се контролираш, дека само ти бираш кому ќе се најебеш, дека презир имаш кон оние кои највеќе ти помогнаа, дека ништо што можеше да се смени, не го промени.
Смеј се малку на тоа, на повеќето не им е ич до смеење.