Драган Ковачки кој што е носител на кандидатската листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Третата Изборна Единица денеска од кочани упати свои пораки во прилог на кампањата на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова за прва жена претседателка на Република Македонија.
“Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените.
Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за Кочани. Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани-Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина за нова надеж.
Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со една голема излезност, односно голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените,
-рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова изјава за медиуми упатена од Кочани.
Во рами на неговата денешна агенда Драган Ковачки имаше свое обраќање пред присутните на трибината во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Кочани. Тој заедно со своите соборци Миле Лефков и Рашела Мизрахи се обратија пред младите во Кочани со свои пораки и политички определби кои што ќе креираат целосна трансформација на Кочани и Македонија во наредните години откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта на изборите на 8 Мај.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин