БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изградба на инфраструктура која решава проблеми и ги обезбедува потребите на граѓаните на Штип

Пренеси го гласот

Изградба на нов кружен тек е последниот во низата проекти кои што ги реализира општина Штип под раководство на градоначалникот Иван Јорданов.

Тој во текот на вчерашниот ден во јавноста го промовираше овој проект во редот на еден од позначајните кои се реализираат во последните неколку недели со што значитечно се подобруваат сообраќајните услови во Штип а со тоа се влијае позитивно на стандардот на живот на граѓаните.

Во рализација на овој проект една од клучните теренски активности ја имаат вработените на Јавното претпријатие “Стипион” Штип кои што работат во реализацијата на повеќе позиции за успешно завршување на проектот.

“Обезбедување на поголема сообраќајна пропусност и квалитет на возење е постојана и тековна активност која што треба да ја спроведуваат сите локални самоуправи, во директна корелација со определбите за задоволување на потребите на граѓаните и подобрување на нивниот стандард.

Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура е во фокусот на локалната самоуправа!

Во моментов Општина Штип и ЈП Стипион работат на нов кружен тек, во непосредна близина на црква Св. Никола, со кој ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, прегледноста на возачите и пешаците, како и визуелниот изглед на оваа собирна улица во центарот на нашиот град.

За реализација на ова решение, општината ќе инвестира 3,5 милиони денари и со истото ќе обезбеди безбедност за сите учесници во сообраќајот.”

-информираше градоначалникот Јорданов во врска со реализацијата на овој проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот