БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јавен оглас – до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Пренеси го гласот

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Нови социјални услуги во општина Пехчево II”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување, Центар за вработување  Пехчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 √ млади лица до 29 години со ниски квалификации√ жртви на семејно насилство

деца без родители и родителска грижа

бездомни лица

поранешни корисници на дрога

родители на деца на улица

√ самохрани родители

 √ Ромиосудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

√ невработени лица евидентирани во АВРМ  најмалку 1 година

√ млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

√ родители на деца со пречки во развојот

√ родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

1. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
2. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
3. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
4. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
5. Образовен ментор ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево
6. Технички персонал – садомијач ССС Се грижи за подготовката на храна, транспорт и послужување на истата и одржувањето на хигиената во просториите за подготовка на храна во објектот на детската градинка во Пехчево
7. Технички персонал – хигиеничар ССС Се грижи за одржувањето на хигиената во објектот на детската градинка во с.Црник и неговата непосредна околина
8. Координатор за донации ССС Ја организира работата на прибирање и распределба на донациите
9. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
10. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
11. Едукатор за описменување ССС Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник
12. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
13. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
14. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)
15. Асистент за нега на стари лица во домашни услови ССС Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки)

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пехчево во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:

Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,

Агенција за вработување Берово, Центар за вработување Пехчево – Љупчо Димитровски, Соработник за поддршка за вработување,

Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево– Даниела Станоевска, Дипл. Социјален работник

Извор: Општина Пехчево

 

Креирано од:


Пренеси го гласот