Не е познато во Македонскиот правен систем или пак барем нам не ни е познато случај кога после пресуда на над 200 години затвор судија од Македонскиоте судови излегува на комерцијална телевизија со цел да ја објаснува пред јавноста својата пресуда.
Изминатите денови Македонскиот народ со огромен шок и неверување ја доживеа пресудата за обвинетите (сега осудени) за настаните на 27 ми април во МАкедонскиот парламент.
Пресудите на сега осудените лица од името на судот самата Кацарска не ги прочита (од кои причини не е познато во јавноста) туку пресудите ги читаше друга судијка.
Очигледно со цел да го намали револтот на граѓаните од донесената пресуда судијката Добрила Кацарска гостуваше во емисија на една од комерцијалните телевизии со национална концесија и меѓу другото се објаснуваше себеси во врска со целиот овој судски процес во кој беа осудени 16 лица на вкупно 211 години затвор.
Дури и во својот настап на оваа телевизија судијката Кацарска се пофали дека некои луѓе и честитале за донесената пресуда.
-Но, бидете сигурни дека не е лесно да се одреди казна затвор, без разлика колку е висока. За секоја пресуда се раководам исклучиво од доказите, секогаш ги анализирам сите докази. За тоа дека казните се драконски, многу лесно се дава таква изјава, но за да кажете дали некој казна е драконска или не, пред себе треба да го имате целиот предмет и сите докази. Треба да се цени фактот дека најниската казна за тоа дело е 10 години. Досега никој не ми рекол дека сум ги затворила патриотите, а терористите слободно се шетаат. Многу луѓе ми приоѓаат и ми честитаат за донесената пресуда
– рече Кацарска.

Жалбената постапка за случајот е во тек и ќе се очекуваат судски одлуки и пресуди од повисоките судски органи во Македонија и во судот за човекови права во Стразбург.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
Финансиска полиција поднесе Кривична пријава против поранеше в.д. директор на ЈП Кпмунална хигиена Скопје
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка