Додека Каменичка Река во Македонска Каменица стана туристичка атракција и цел еден потег од нејзиното речно корито се претвори во препознатлив белег за општината, речното корито на реката Брегалница во Делчево стагнира со својот развој и унапредување како современ јавен простор во функција на подобар животен стандард за граѓаните.
Едно од многуте заборавени и нереализирани ветувања на градоначалникот на општина Делчево е доизградбата на Кејот на река Брегалница во урбаниот дел од Делчево

Во својата предизборна програма од 2017 година актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски ветуваше доизградба и уредување на кејот на реката Брегалница дури на два потези кои што се позиционирани во рамки на Генералниот урбанистички план. По повеќе од 5 години локална власт предводена од Горан Трајковски реализација на овие ветувања нема, со што Делчево видливо и убедливо стагнира во својот развој во споредба со проектите кои што се реализирани и тековно се реализираат од страна на далеку помалата општина Македонска Каменица.
“Во текот на вчерашниот ден го пуштивме новото РГБ осветлување на каскадите на коритото на Каменичка Река.
Паралелно се работи на комплетно уредување на зелените површини и подготовка на кејот за претстојната летна сезона, кога ќе биде главен простор за рекреација на каменичани.
Работиме на подготовка на документација за поставување на нова урбана опрема и нови содржини на овој простор, со што дополнително ќе ја зголемиме атрактивноста.”
-информираше денеска во јавност градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани