“ Статусот на македонскиот јазик кој беше до скоро сигурен и заштитен и според европската терминологија, според таа парадигма прогласен за државен јазик и национален во таа смисла значи за сите граѓани на Република Македонија на државата, за сите институции сега се нарушува. Законот за употреба на јазиците не требало да помине во Собранието со европско знаменце, потенцирајќи дека во Македонија постои опасност од губење на статусот на македонскиот јазик на цела територија и наметнување на друг јазик.
Ние немаме опасност од јазична федерализација, ние имаме опасност од губење на статусот на македонскиот јазик на територија на цела територија и наметнување на еден друг јазик.”
– рече академик Катица Ќулавкова во нејзиното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.