Конзумирањето на сол во Кина е потврдено дека е најголемо во светот, со возрасни индивидуи во изминатите 4 ф=децении кои консумираат во просек над 10 грама сол дневно. Оваа количина е двапати поголема од препорачаната граница за користење сол, според најновите истражувања спроведени од Универзитетот Квин Сент Мери во Лондон.
Прекумерното користење на сол го покачува крвниот притисок, што е голем причинител на срцеви напади и болести, што се сметаат за одговорни за околу 40% од смртта на кинеската популација.
Систематските прегледи и мета анализа, финансирани од Националниот институт за здравствени истражувања, објавени во Журнал на Американската асоцијација за срце, покажале дека кинеските деца на возраст од 3-6 години консумираат по 5 грама дневно, што е максимална дозволена количина за возрасни луѓе, препорачана од Светската здравствена организација, додека повозрасни деца консумираат речиси 9 грама дневно.
Водечкиот автор Моник Тан од Универзитетот Квин Сент Мери од Лондон изјавила: Итна акција е потребна во Кина за да се забрза намалувањето на консумацијата на сол а зголемувањето на внесот на калиум во организмот. Висок крвен притисок во детството, го следи поединецот и во подоцнежните години, што доведува до кардиоваскуларни проблеми.
Ако консумирате повеќе сол додека сте млади, најверојатно ќе консумирате повеќе сол и како возрасни и со тоа ќе имате покачен крвен притисок.
–соопштила Тан.
Овие високи нивоа на сол и ниски нивоа на калиум, се од особено загрижувачка природа за Светската здравствена организација во однос на кинеската популација.
Додека конзумацијата на сол во северна Кина е најголема со 11.2 грама, оваа количина опаѓа од 1980 година кога овој износ бил 12.8 грама дневно. Во јужниот дел од државата пад на количината на користење на сол од страна на жителите не е забележан туку напротив забележано е зголемување од 8.8 грамови во 19890 година на 10.2 грама во 2010 година, што е резултат на зголемената употреба на процерсирана храна наспроти намалувањето на домашно зготвената храна.