БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирил Ковчегарски: ДА ИМ СЕ ИЗМОКРИМЕ ПО ИМЕТО НИВНО ,,СЕВЕРНО,, СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ИМАМЕ ПРИЛИКА ЗА ТОА!!!

Пренеси го гласот

Безобразен наслов ќе рече некој, нели! Знам. Се обидов да го ,,искултивизирам,, најмногу што можев, иако уште од лани сум решен повеќе да немам никаква почит кон луѓе кои јавно и насекаде, дури и каде што не е потребно и тоа не го бара никој од нив, го употребуваат ова одвратно и насилно наметнато име на нашата држава. Можам да искажам некакво разбирање и сожалување само спрема оние кои се уценети и присилени на некаков начин, оние кои за жал имаат некакви пречки во развојот и неможат правилно да расудуваат и спрема оние кои немаат што да јадат и да облечат, па на овој начин се обидуваат да опстанат. За другите колку и да барам, оправдување нема.

Секојдневно ме доведуваат до она секому познато чуство на ,,ежење,, и гадење разни функционери и функционерчиња, директорчиња, советничиња, амбасадорчиња и аналитичари (повеќето самозамислени). Ќе застанат да даваат некоја изјава за локална ТВ или портал и на секои три збора мора да кажат ,,Северна,, вака, ,,Северна,, така, ,,Северна,, онака, и се така до бескрај додека не им се задоволат сомнителните умствено-ментални страсти. Зошто за Бога? Што добивате со тоа што го вадите нормалниот човек од такт? Па кој го бара бре тоа од вас кога давате изјава пред стадо овци во с.Смојмирово, пред група селани во Задружниот дом во с.Двориште или учествувате на дебатна емисија во ТВ со рејтинг од 3%? Дајте, да се изразам во стилот на вашиот предводник, малку ,,смањите доживљај,,! Претеравте и тоа за џабе, за ништо, за нула, за еден голем компир што би рекле децата од прво одделение. Колку и да го повторувате и употребувате ова одвратно и насила наметнато име, на обичниот човек уште повеќе му го зголемувате нагонот да ви се измокри по истото. Тоа така не бива, името се носи во душата и неможе да се избрише со сомнителен документ на парче хартија и папагалско повторување. Оној пензионерот од Хрватска со македонско потекло што стана хит на интернет би ви рекол: ,,па слушајте ги бре македонските песни како ,,Едно име имаме,, и ќе ви стане јасно, ,,пи*да ли ви материна,,!

Иако сум свесен дека моето влијание преку овие колумни е минимално, сепак сметам дека ми е должност на мој начин колку што знам и умеам да допринесам кон дополнителен отпор во врска со употребата на зборот северна во името на државата. Сметам дека доколку добро се организираме и сме единствени и принципиелни сите што сме противници на оваа работа можеме многу да направиме и да го сведеме на минимум употребувањето на наметнатото име, особено овдека внатре во државата и институциите. Ние Македонците, а и останатите што живеат тука сме познати по снаодливоста, итроштините, интелигенцијата, непокорот. Постојат безброј начини со кои ќе ги натераме сите оние погоре споменати и сите правни лица во Република Македонија да си изнајдат начини за да го одбегнуваат ова име кое не вади од такт. Изминатава година постојано размислувам како да не го употребувам, а притоа да не се откажам од одредено задоволство и да не си нанесам некаква штета на себе, на блиските и во работењето поради тоа. Верувам дека и многумина ќе ми се придружат во изнаоѓањето на нови идеи и креативни решенија се додека не се создадат услови сите неуставни одлуки да бидат поништени, а склучените договори кои не доведоа во состојба на потчинетост не бидат еднострано раскинати. Тоа ќе биде мачна и долготрајна постапка, но со поддршка од нас граѓаните и со смена на власта таа ќе биде реално изводлива.

За почеток ќе споделам неколку работи кои јас ги практикувам и мислам дека можеме сите ние заедно, а и многу други, да го правиме истото онолку колку што сме во можост. Неможе некој да ме убеди дека во маалското продавниче или супер маркет на сирењето што се продава мора да стои дека е произведено во Северна. Во таков случај јас таквото не го купувам, односно купувам друго на кое пишува дека е од Република Македонија. Можеби има мала разлика во квалитетот и вкусот, ама задоволството што си го правам на душата кога ќе ми текне дека после 10 години верна употреба на по најмалку 4-5 килограми месечно, веќе не им го купувам производот, исклучиво само поради тоа што им го пишува на етикетата. Или втор пример, наместо смоки произведени од македонска компанија кои постојано ги купував бидејќи ја почитував онаа ,,Купувајте македонски производи,, сега почнав да си купувам произведени во една соседна држава, а на кои во декларацијата си стои Република Македонија. Си велам, зошто пак јас нив да ги почитувам, кога тие не ме почитуваат мене и правото на избор на името, ќе си купувам од оние што ме почитуваат. Замислете колкави штети ќе трпат производителите и трговците доколку вака правиме стотина или илјада граѓани, а да не зборувам што тоа може лесно и без некој голем труд да биде и многу помасовно. Што мислите, ќе си ги чукнат ли главите тогаш?

Слично на ова што го правам при купувањето го применувам и во гледањето на ТВ. Па, така наместо СК, гледам Арена, затоа што за разлика од првите за кои сме Северна, на вториве не нарекуваат Република Македонија. Истото важи и за музичките емисии, оние на кои употребуваат Северна, ги одбегнувам. Замислете колкава ќе биде загубата на овие ТВ доколку нашите фирми престанат да се рекламираат на нив или ако ние не ја гледаме нивната програма. Оние пак што настапуваат можат некогаш, наместо да им се тресат гаќите пред жири комисијата и публиката, да ја поправат онаа креатура од водител и јасно да му кажат од која земја доаѓаат, така некои и повеќе ќе бидат забележани, отколку што се по нивното пеење.

Во секојдневниот живот, за жал, за да можеме да завршиме дури и некоја најосновна и едноставна работа, да извадиме некој документ или да пополниме некаков формулар, против своја воља сме принудени да го употребуваме наметнатото име. Еве неколку идеи како да го избегнуваме: На пример: поднесувате барање до Катастар, пишувајте само до Агенцијата за катастар. Пополнувате уплатница и на местото за банка пишувајте само Народна Банка, наместо НБР(С)М! Кога се обраќате до институција или министерство пишете го само називот без она ,,на Република …….. ,,.

На пример: Барање до Министерството за внатрешни работи и одоздола може градот во кој се наоѓа единицата на која и се обраќате. Нотарите, на пример во оставинската постапка, неможе некој да ме убеди дека мора да го употребуваат зборот северна. Покојникот веројатно би се превртувал в гроб да знае дека неговиот имот се наоѓа и се распределува во Северна за која тој додека бил жив не ни сонувал. Јас како адвокат, искрено, скоро секаде наоѓам начин да го одбегнам, а доколку заради ,,правна сигурност,, сум принуден неизбежно да морам да го користам овој збор, како што е на пример кога се обраќам до Врховниот суд на Р.(С).М. проблемот го решавам на следниов начин:

-До зборот Северна додавам *, а најдоле од страницата во фуснота со ситни букви објаснувам:

На пример: До Врховниот суд на Република Северна* итн.
*Овој збор во името на мојата земја е додаден спротивно на Устав и волјата на нејзините граѓани, а јас како изработувач на овој документ не го прифаќам и сум принуден насила да го користам единствено само како професионалец и заради правна сигурност, бидејќи неможам да си дозволам поднесокот да ми биде отфрлен поради неуредност, а и не сум во можност да ги сносам трошоците кои би произлегле од тоа.

Фуснота со ваква содржина можеме да употребуваме и на секое барање или документ кој ќе ни биде издаден, верувајте дека никаде нема да смеат да ве вратат или одбијат. На тој начин масовно ќе им покажеме што мислиме за сето ова што насила ни го прават.

Што се однесува до политичарите и нивните дипломатски средби, добар пример ми даде средбата помеѓу Мицкоски и Борисов на Самитот на ЕПП во Загреб. Со такви појави мора да се настапи крајно внимателно и строго дипломатски бидејќи се друго би нанело огромна штета на државата, а реално кога ќе се размисли и нема потреба од дополнително заострување на состојбите. Ваквите личности кои на средбите со наши претставници намерно и провокаторски, во само 2-3 просто-проширени реченици по неколку пати непотребно спомнуваат Северна, едноставно треба да бидат игнорирани, како што впрочем постапи и Мицкоски со необрнувањето на внимание на провокацијата и со дипломатскиот одговор. На Бојко му е сосема јасно што мисли македонскиот народ за овој договор и затоа сака насила да изнуди реакција (било негативна, било позитивна) која нему во секој случај би му одговарала. Необрнувањето на сериозно внимание спрема едностраната провокација за ваквите луѓе е најголем пораз и доказ за нивната интелектуална немоќ и срам за самите нив што си дозволуваат вака да се однесуваат со според нив ,,братскиот,, народ. На крајот на краиштата секој си ги гледа своите интереси, а ние сме тука да си ги гледаме нашите и како што кажа Мицкоски, што е од интерес за двете страни ќе прифатиме, за другото ,,мало морген,, – би рекол другарот на Бојко од северна. Тоа што нашите медиумски ,,пушинела,, манипулатори од оваа средба се обидоа да направат сензација и да ја извртат вистината е срамно за нив како граѓани на Македонија. Тие наместо да ја објават вистинска вест, дека на провокативното прашање, Борисов доби одговор кој не го очекуваше и кој целосно го занеме, со што ќе ја глорифицираа земјава, а не Мицкоски, повторно одбраа да одработат измеќарски за туѓи интереси и цели.
Локал политичарчињата на власта, како оние од моето Берово не е вредно ниту да ги спомнам по ова прашање, единствено само можам да констатирам дека некои срамежливо и со подвиткана опашка на собри се обидуваат да им објаснат на граѓаните колку убаво се живее во севернава, но има и такви кои со огромна доза на гордост и блескавост истото без размислување и како куршум од пушка го употребуваат. Со таквото поведение само докажуваат колку им се нештата свети во животот и на мене лично ми наговестуваат дека за било што во животот, што би им донело личен бенефит, без проблем ќе се откажат дури и од најмилото. Држете ме за збор, да сме живи и здрави за скоро ќе си се увериме и самите со практични примери.

Затоа почитувани да им се измокриме на името што ни го ставија насилно и против уставно во што е можно поголем број и количина, за да почнат конечно да размислуваат со главите, но и да ја натераме следната власт сериозно да се зафати со решавањето на ова прашање кое непотребно ни е наметнато, особено за внатрешна употреба. Овој процес едноставно мора да се ресетира и да почне од почеток со ум и разум.

Сосема на крајот, ако некој остана згрозен од некои мои зборови, некој се најде навреден или можеби се засрами наместо мене, му препорачувам да се сети на Тричко, Политико, па и на премиерот и на нивните наслови и зборови при јавни настапи, веднаш ќе му биде полесно и многу порелативно ќе гледа на она што го прочита.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

Адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот