Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани.
Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата во Кочани. Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените. Катерина се откажа од својот трансфер во ГОБ 8 септември Скопје за да се посвети на повредените. Катерина е најдобар можен избор за водење со болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство во болницата во овој критичен период.
Целосна поддршка на Катерина!
Клековски: Силно лидерство во болницата во Кочани!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Работна група формирана при Министерството за култура и туризам ќе ја унапредува работата на туристичките водачи
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење