• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ СО ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО? (втор дел) од Д-р Горан Ковачев

септември 2nd, 2018 Македонија коментари 566
КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ СО ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО? (втор дел) од Д-р Горан Ковачев

Во првиот дел се обидовме да дадеме објективен одговор на 17 најкруцијални прашања поврзани со договорот за името. Колумната имаше голем позитивен одглас кај читателите што навистина ме радува. Притоа, резимиравме дека останатите членови од договорот од делот 2 и делот 3 кои се однесуват на интензивирање на сите видови на соработка, дипломатските односи и разрешувањето на спорови се општи и козметички и во договорот се ставени единствено за уметнички впечаток. Меѓутоа од познавачите на правото ми беше предочено дека тие членови неслучајно се вметнати во договорот со намера тој полесно да се спроведе низ собраниските органи како договор за соработка по примерот на Договорот за добрососедство со Бугарија. Ова се покажа за точно и за ова укажување сум посебно благодарен.

Изминатиов период, а верувам и во периодот што следи сè до одржувањето на неизбежниот референдум за кои очигледно  кај политичките кругови во државава постои консензус, сè почесто (ќе) се пласира тезата дека ова е добар договор затоа што двете страни се подеднакво (не)задоволни. Нашата намера во оваа колумна е да одговориме дали тоа е навистина така и која страна вистински добива, а која вистински губи со договорот?

Дали Грција губи со договорот?                    НЕ!

Грција de facto не губи ништо!

Кратко, јасно и едноставно. Сите забелешки на грчката опозиција дека е признаен македонскиот јазик, народ, идентитет и име дури и доколку се основани (а не се), не претставуваат никаква загуба за Грција, како што не претставуваа ниту изминативе 27 години од независноста на Република Македонија, ниту изминативе 74 години од прогласувањето на самостојноста на Македонија на Првото заседание на АСНОМ, ниту ако сакате изминативе 105 години од поделбата на Македонија. Како што веќе рековме во првиот дел, тие претставуваат индивидуални и колективни фундаментални слободи, самоопределување и самоидентификација пропишани со меѓународното право и не може да бидат предмет на никакво билатерално признавање. Понатаму, илузорно е да се тврди дека постоењето на македонска држава, народ и јазик со сегашната големина и капацитет претставуваат воена, национална, историска, економска или каква било друга закана за Грција. Но и во таква констелација, официјалните лица од Првата страна, на уште незасушеното мастило од потписот на договорот изјавуваат дека за нив „народот од РСМ е славомакедонски“, а јазикот е „официјален јазик на РСМ“ (изјава на Алексис Ципрас за Екатимерини, 18.6.2018 година) – нешто што никаде во договорот не е предвидено. Тоа само покажува дека дури и во ситуација на „никаква загуба“ (zero loss) за Првата страна, таа е подготвена веднаш да го прекрши договорот и тој за неа нема никакво значење.

Дали Грција добива со договорот?              ДА!

Да видиме кои се придобивките за Првата страна од овој договор?

  1. Грција добива ексклузивитет на името „Македонија“!

За нашата земја секогаш и секаде ќе мора да се користи новото име „Северна Македонија“, додека името „Македонија“ ќе биде ексклузивитет само за Грција.

  1. Грција добива ексклузивитет на придавката „македонски/а“ во надворешни рамки во сегашен и историски контекст!

За нашата земја во надворешни рамки во пракса најчесто ќе се користи  придавката „северномакедонски/а“, додека придавката „македонски/а“ во сегашен и историски контекст ќе биде резервирана исклучиво за Грција. На пример, терминот „македонска историја“ ќе се однесува на грчкото гледање на историјата на Македонија од антиката до денес и ќе биде единствено нејзин ексклузивитет. Таа ќе може да формира свои Македонска телевизија, Македонски театар, Македонски музеј, Македонска филхармонија, Македонска академија, Македонска банка, додека нашите институции ќе мораат да го користат описот „…на Северна Македонија“.

  1. Грција ја добива позицијата “Erga Omnes”!

Практично Грција не отстапи од нејзината „црвена линија“ и од почетокот до крајот на преговорите ја задржа својата преговарачка позиција за промена на Уставот на Република Македонија и користење на новото име секаде, во секоја прилика и за сите намени, унилатерално, билатерално и мултилатерално (член 1, став 8).

  1. Грција добива ништовност на пресудата од Меѓународниот суд на правдата!

Првата страна се ослободува од најтешката обврска – почитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата кој во 2011 година пресуди дека:

  • Грција противејќи се на пристапувањето на Македонија во НАТО под привремената референца ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година;
  • сите наводи на Грција дека Македонија ја прекршила Привремената спогодба се отфрлаат;
  • се очекува Грција во иднина повторно да не го повреди меѓународното право и да делува во духот на „добрата волја“ и
  • Македонија и натаму може да го користи своето уставно име во односите со Грција и другите билатерални и мултилатерални односи.
  1. Грција добива легитимитет на иредентизмот кон Македонија!

Дали сте се запрашале зошто за Грција, покрај максималистичката позиција за целосна промена на името, отсекогаш во преговорите беше релативно прифатливо името „Северна Македонија“ (изјави на Никос Коѕијас, Алексис Ципрас, Јоргос Папандреу и Константинос Мицотакис за медиумите), а не и другите придавки и додавки кои циркулираа? Одговор на ова дава официјалната грчка историска доктрина за постоење на „Северна Македонија“ како интегрален дел на грчката мегали-идеја. Според оваа доктрина, Македонија „не е целосно ослободена“, односно нејзините јужни делови се ослободени во 1913 година со Балканските војни, додека „Северна Македонија“ која се протега до линијата Дебар (грч. Дивра) – Крушево (грч. Крусовос) – Прилеп (грч. Стиверра) – Неготино (грч. Антигонеа) – Струмица (грч. Астреон) – Гоце Делчев (грч. Неврокопи) сè уште не е ослободена. Иако договорот предвидува дека „страните ја потврдуваат нивната меѓусебна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница и ниту една од страните нема да поддржуваат никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата страна“ (член 3, став 1) сепак со евентуалниот прием на „Северна Македонија“ во НАТО, Грција ќе биде таа што ќе го „чува“ нашиот воздушен простор како што од неодамна тоа го прави во Албанија и Црна Гора, а не обратно. Впрочем, вакви договори за неповредливост на границите имаше и Германија со повеќето европски држави во мугрите на Втората светска војна.

Дали Македонија губи со договорот?                                ДА!

Практично сето она што го добива Грција претставува загуба за Македонија, но и многу повеќе од тоа:

  1. Македонија неповратно го губи своето вековно, национално, историско и уставно име!

Името „Република Македонија“ и „Македонија“ преведено и непреведено не смее да се користи  никаде во официјалната комуникација во земјата и надвор од неа (член 1, став 7). Сосема јасно и недвосмислено името „Македонија“ ќе престане да постои во контекст на нашата држава.

  1. Македонија неповратно ја губи својата „црвената линија – Уставот не смее да се менува“!

Единствената силна преговарачка позиција  која впрочем произлегува од меѓународното право како единствен codex principalis на малите наспроти големите земји се напушта и неповратно се губи. Македонија еднаш засекогаш се поместува од својата „црвена линија“, додека Грција не.

  1. Македонија неповратно го губи мнозинството земји во светот кои ја поддржуваат и признаваат под нејзиното вистинско име!

Имено, 138 од 195 земји во светот (71%), понатаму 16 од 29 земји-членки на НАТО (55%) и 14 од 28 земји-членки на ЕУ (50%) кои согласно меѓународното право ја признаваат Македонија под уставно име или го користат уставното име во билатералната комуникација ќе мора да престанат да го прават тоа и во иднина да го користат новото име.

Дали Македонија добива со договорот?                  НЕ!

Приврзаниците на договорот кај нас се обидуваат да докажат дека Македонија добива со договорот за името аргументирајќи дека со него Грција ни го признава јазикот, националноста и идентитетот и дека имплементирајќи го истиот по брза постапка ќе ни биде овозможен прием во НАТО и ЕУ. Ние не би можеле да се сложиме со овие аргументи затоа што сметаме дека:

  1. Македонија НЕ добива признавање на јазикот и националноста од страна на Грција!

Како што веќе видовме погоре, јазикот, националноста, државјанството и идентитетот се стекнати права и чувства и НЕ СЕ и никогаш НЕ МОЖАТ да бидат предмет на уредување со билатерален договор или билатерално признавање. На светот не постои правен и политички акт што може да поништи или создаде народ, јазик, националност или идентитет туку тоа е резултат единствено на историски процес. Официјалната грчка позиција сега е и во иднина ќе биде дека тие признаваат посебен идентитет и јазик на народот на нејзината северна граница сè додека тој не е и не се нарекува македонски, што пак ќе кажеме, во меѓународното право нема никаво значење.

2. Македонија НЕ добива брз прием во НАТО и ЕУ!

Како што претходно беше објаснето, приемот во меѓународните мултилатерални и регионални организации за кој Првата страна се обврзува да не го попречува (член 2, став 1), не зависи само од Грција. Приемот на Македонија во НАТО и ЕУ може во секој момент да биде попречен од која било земја-членка. Класичен пример е случајот со Турција која преговара за членство во ЕУ веќе неколку децении без изгледи за прием во скоро време. Интересно е тоа што во последниов период, апологетите на ставот за брз прием во НАТО и ЕУ по промената на името ретерираат и сега се говори за „долг и мачен процес, полн со неизвесности“ , „отворање на вратите на Унијата не порано од 2025 година“, „да не се фокусираме на датуми“ итн. Сведоци сме дека на годинешниов Самит на НАТО оддржан во Брисел, Македонија повторно доби одложена покана (со можност за членство не порано од 2020 година), под услов целосно да го имплементира договорот за името. Како што гласи заклучокот од Самитот: „Целосно спроведување на сите интерни процедури пропишани со почитување на договорот за решавање на спорот со името е предуслов за успешно завршување на пристапниот процес.“ Нам не ни е познато како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога заклучокот беше дека: „НАТО се согласи дека Македонија иако ги исполни сите критериуми за членство ќе добие покана да се приклучи кон Алијансата откако ќе биде постигнато прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН.“

  1. Македонија НЕ добива гаранција за почитување на договорот од страна на Грција!

Со договорот, Првата страна се обврзува дека нема да приговара на апликациите за членство на Втората страна под името „Северна Македонија“ во мултилатерални и регионални организации и институции во кои таа е член (член 2, став 1). Ова de facto не претставува никаква отстапка од страна на Грција и не претставува никаква придобивка за Македонија од причина што овој член е скоро идентичен со членот 11 од Привремената спогодба со кој Првата страна се обврза да не приговара на апликациите за членство на Втората страна под референцата „бивша југословенска република Македонија“. Привремената спогодба беше прекршена од страна на Грција токму во членот 11 за што беше добиена пресуда од Меѓународниот суд на правдата која Грција de jure мораше да ја спроведе. Дали и колку таа беше спроведена знаеме сите. Според тоа, не постојат никакви гаранции дека откако ќе се извршат уставните измени кај Втората страна, односно Македонија неповратно ќе го смени името, Првата страна ќе го ратификува Договорот (член 1, став 4, алинеи е и ф). Уште сега постојат најави дека мнозинството во грчкиот парламент ќе гласа против ратификација (изјава на Кирјакос Мицотакис за медиумите).

4. Името „Република Северна Македонија“ НЕ претставува замена за референцата од Привремената спогодба од 1995 година!

Погрешно е толкувањето дека овој акт претставува само проста промена на референцата. Ако е тоа така тогаш бранителите на овој став треба да одговорат на прашањето: Зошто тогаш е потребна промена на Уставот и зошто едноставно не се направи анекс на Привремената спогодба со кој референцата „поранешна југословенска Република Македонија“ ќе се замени со нова референца „Република Северна Македонија“?

Во економската наука постои една многу едноставна стратегиска техника за планирање и  утврдување на тоа дали една одлука е добра или не и дали таа треба воопшто да се реализира. Таа техника се вика SWOT анализа и економистите добро ја познаваат. Нејзиниот назив доаѓа од англискиот јазик и претставува акроним од зборовите Strengths (силни страни), Weaknesses (слаби страни), Opportunities (можности) и Threats (закани). Методолошкиот пристап на оваа анализа пропишува изработка на табела во која прегледно се вметнуваат секој од  соодветните параметри. За потребите на оваа колумна изработивме SWOT анализа на договорот за името и ги добивме следните резултати:

Силни страни (2)

  1. Не се менува името на македонскиот јазик
  2. Не се менува кодот МК и МКД во сите случаи, освен кај сообраќајот

Можности (2)

  1. Потенцијално членство во НАТО
  2. Потенцијално членство во ЕУ

Слаби страни (8)

  1. Асиметричност на договорот
  2. Промена на уставното име и користење на новото “erga omnes”
  3. Промена на националноста и идентитетот
  4. Промена на кодот МК во сообраќајот
  5. Промена на називите на институциите
  6. Користење на новото име во комерцијална употреба (губење на економската препознатливост)
  7. Откажување од грижата за македонското национално малцинство
  8. Откажување од симболиката и топонимијата поврзана со егејскиот дел на Македонија

Закани (9)

  1. Исчезнување на македонскиот национален идентитет
  2. Губење на ексклузивноста на името
  3. Буџетски импликации кај институциите заради промената на името
  4. Финансиски импликации кај граѓаните заради промената на личните документи
  5. Промена на историската доктрина за македонската држава, народ и нација
  6. Ништовност на пресудата на Меѓународниот суд на правдата
  7. Легитимитет на иредентизмот на Грција кон Македонија
  8. Губење на поддршката од мнозинството земји кои не признаваат под уставно име
  9. Нема гаранција за почитување на договорот од страна на Грција

Резултатите од изработката на SWOT анализата се толкуваат на следниов начин: Доколку збирот на првиот и вториот ред е поголем од збирот на третиот и четвртиот ред се носи позитивна одлука. Доколку збирот е еднаков или приближно еднаков се препорачува изработка на дополнителни истражувања и анализи за донесување на конечна одлука. Доколку збирот на првиот и вториот ред е драстично помал од збирот на третиот и четвртиот ред одлуката би требало да биде категорично негативна.

Сега ве молам да одвоите време за малку математика која ќе ви помогне да донесете ваш суд во однос на овој договор.

Превземено од блогот на авторот Д-р Горан Ковачев

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Бескорисна информација
Следна објава Ќе се одржи научна трибина Договорот меѓу Грција и „Втората страна“ на Филозофскиот факултет во Скопје
Може да Ве интересира:
Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?
Македонија

Дали "Република Македонија" на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

март 2nd, 2021 99
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

март 2nd, 2021 398
Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

март 2nd, 2021 98
Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

март 2nd, 2021 128
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 25
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му
Македонија

"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1359
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 167
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 226
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 155
Facebook Comments
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

361
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

710
Најнови објави
Мар 2nd 5:08 AM
Македонија

Дали “Република Македонија” на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

Мар 2nd 4:48 AM
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd 4:27 AM
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

Мар 2nd 4:10 AM
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

Мар 1st 7:26 AM
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Фев 28th 7:44 PM
Твитеризам

Дурло: Радувај се severXhanistansko graХhanstvo, имате антиваксерска влада!

Фев 28th 7:36 PM
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите…

Фев 28th 7:01 PM
Регион

Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица

Фев 26th 10:46 AM
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd, 2021 398
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021381
Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...

Фев 28th, 2021234
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021175
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 26th, 2021158
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
graduates2018-33
laura-wells 26
Monica Bellucci 97
36671149244 9663ca5fc9 o
omar burkan 13
Monica Bellucci 96
glamour 005
Monica Bellucci 46
28-09-2018-1538200715
burning man fest 100
burning man fest 028
received 2252883821468833
omar burkan 03
Monica Bellucci 42
al pacino 35
60341508 424310544820229 434145937208639488 n
thylane blondeau15
12-11-2015-1447336727
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.