БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој ги манипулира граѓаните на Македонска Каменица за да не плаќаат лично осветлување?

Пренеси го гласот

Во врска со различните информации кои што циркулираат во јавноста во Македонска Каменица во врска со ослободување и непаќање на комунална такса за улично осветлување, градоначалникот на општина Македонска Каменица упати свое соопштение во јавноста.

“СОВЕТНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО ДА ПРЕКИНАТ ДА ГИ МАНИПУЛИРААТ ГРАЃАНИТЕ.

ЗА ТАКСА ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НАДЛЕЖЕН Е ЕДИНСТВЕНО СОВЕТОТ НА ЕЛС МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Согласно член 6 став 2 од Закон за Комуналните такси „Се ослободуваат од плаќање на комунална такса за јавно осветлување имателите на броила за мерење на електрична енергија во населените места каде што нема јавно осветлување“. Согласно став 3 од истиот член населените места каде што нема јавно осветлување ги определува со одлука Советот на општината.

Согласно Законот надлежноста за ослободување од такса за јавно осветлување e на Советот на општината, а не на Градоначалникот. Се повикуваат сите грагани кои сметаат дека ги исполнуваат условите за ослободување на такса за јавно осветлување, да доставт барање до Советот на општината, кој доколку смета дека се исполнети законските услови од Законот за комунални такси, треба да донесе одлука за одобрување на барањето, со цел да може таквата одлука да биде проследена до ЕВН и барателот да биде ослободен од плаќање на комунална такса за јавно осветлување.

Во изминатите неколку години, во период на претходното локално раководство, од страна на Советот на општина Македонска Каменица се носени одлуки со кои спротивно на Законот за комунални такси се ослободени повеќе од 600 домаќинства од плаќање на комунална такса за јавно осветлување, водејќи се од политички, пријателски и други форми на влијание, со што каменичани беа доведени во нееднаква положба, бидејќи под исти улови едни плаќаа, а други беа ослободени од такса за јавно осветлување. Од страна на надлежните инспекциски органи беше поведена постапка и побарано е доследно почитување на законските критериуми во делот на задолжувањето со таксите за јавно осветлување. Поради тоа, од Градоначалникот на Општина Македонска Каменица беше побарано да бидат еднакво третирани сите граѓани согласно Законот за комунални такси, со тоа што ќе се задолжат со такса за јавно осветлување сите кои биле незаконски ослободени и не ги исполнуваат условите, а да се ослободат само оние кои навистина ги исполнуваат условите согласно Законот.

Затоа, ги повикуваме Советниците, да се запознаат со законските прописи кои се потребни за нивно функционирање во рамки на Советот, да не ги манипулираат граѓаните, и да не ја префрлаат одговорноста на друга адреса, туку да постапат согласно своите законски надлежности бидејќи Одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување може да донесе единствено Советот. Сите барања кои ќе бидат одобрени од Советот, од страна на Градоначалникот ќе бидат доставени до ЕВН

bregalnickimarketing

Уште еднаш апелираме до сите граѓани кои сметаат дека ги исполнуваат условите за ослободување од такса за јавно осветлување да достават писмено Барање до Советот на општината кој е единствено надлежен за ослободување од такса за јавно осветлување, согласно Законот за Комунални такси.

Сите досегашни и идни незаконски поведенија ќе бидат предмет на постапка на надлежните инспекциски служби, затоа што со тоа сериозно е оштетен и се оштетува Буџетот на Општина Македонска Каменица.

-соопшти во јавноста градоначалникот на општина Македонскa Каменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот