БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кои се најскапите книги во светот?

Пренеси го гласот

Постојат книги кои чинат цело богатство. Некои поради изгледот, други поради историска вредност, трети поради начинот на кој се печатени.

Ќе ги издвоиме најскапите книги во светот:

1. Приказните на Бардот Бидл (The Tales of Beedle the Bard) – Џ. К. Роулинг

Издадена е во 2007 година, постојат вкупно 7 копии . Кориците се обложени со кожа и украсени со сребро и месечев камен. Еден лојален фан платил речиси 4 милиони долари, а писателката парите ги донирала за хуманитарни цели.

2. Трактат за овошките (Traité des arbres fruitiers) – Хенри Луи Дуамел ду Монсо

Рачен запис потекнува од 18-тиот век и содржи вкупно 5 тома со текстови и детални илустрации. Книга посветена на овошјето а неговата вредност на аукција во 2006 година била 3,4 милиони евра .

3. Библијата на Гутенберг (The Gutenberg Bible)

Првата испечатена со помош на металната печатарска преса на Јоханес Гутенберг. Денеска постојат само 48 копии од првото издание. Познатата јапонска книжарница Марузен купила примерок вреден 5 милиони долари.

4. Првото фолио (The First Folio) – Шекспир

Се работи за колекција од сите драми кои Шекспир ги напишал и се смета за вистинско богатство. Била издадена во тираж од 750 примероци, а денеска постојат 228. Еден од соосновачите на Мајкрософт, Пол Ален, ја купил оваа книга на аукција по цена од 6,2 милиони долари.

bregalnickimarketing

5. Кантерберски приказни (The Canterbury Tales) – Џефри Чосер

Од оваа книга постојат 12 оригинални примероци кои достигнуваат цени од по 7,5 милиони долари. Книгата се состои од раскази.

6. Птиците од Америка (Birds of America) – Џон Џејмс Адубон

Огромна книга со вкупно 435 илустрации кои ги опишуваат птиците во Северна Америка. Аукциска куќа од Лондон во 2010 купила еден примерок за 11,5 милиони долари.

7. Магна Карта (The Magna Carta)

Најзначајните правни записи во историјата, каде се ограничува моќта на монархот. Денеска постојат само 17 копии, а една во 2007 била продадена на аукција за 21,3 милиони долари и се наоѓа во САД.

Креирано од:


Пренеси го гласот