• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
Насловна
Македонија
Политика

Колумна на Никола Мицевски за Курир.мк: НЕСПОСОБНОСТ

јуни 4th, 2020 Македонија, Политика коментари 0

Неколку денови размислувам на која тема би можел да пишувам во оваа колумна. Не е дека немам или не знам за што да пишувам, баш напротив имам на ум повеќе од доволно актуелни теми и проблеми кои што успешно или не, досега беа криени или игнорирани, а сега конечно излегоа на виделина. Теми кои што сами по себе се премногу скандалозни и катастрофални, теми и проблеми кои пукнаа како меур од сапуница кој што власта преку својата пропагандна машинерија вештачки го дува веќе цели три години.

Но за среќа, конечно тој огромен меур, целиот тој систем од лаги, пукна и се сруши како кула од карти. Сведоци сме денес како државата и нејзиното нормално фунцкионирање полека но сигурно, пука речиси по сите шавови, а ние, граѓаните на Република Македонија ги гледаме и трпиме резултатите и последиците од лажната реалност и погубните политики кои што СДСМ ги создаде и спроведе досега.

НЕЛИ до вчера блескавме, НЕЛИ бевме лидери во регионот во многу сфери, НЕЛИ држевме лекции по економија, НЕЛИ бевме светол пример на Балканот од кого ќе учат останатите земји, НЕЛИ бевме држава без корупција и криминал, НЕЛИ бевме земја каде што нема да има сиромаштија, земја каде младите нема повеќе да се иселуваат, НЕЛИ бевме правна држава, НЕЛИ Буџетот беше полн, НЕЛИ јавното здравство цветаше, и конечно и најактуелно, НЕЛИ успешно се справивме и го победивме Корона вирусот!?! Ви текнува на се’ ова, НЕЛИ ?

Сепак за жал, има уште многу „НЕЛИ“ кои во овој период на сите ни стана јасно дека беа само празни флоскули, лажни ветувања и „купи ден, помини“ политики на СДСМ ! Очигледно е дека реалната и фактичката состојба во сите сфери од нашето живеење во Република Македонија е светлосни години подалеку од онаа што СДСМ ни ја промовира изминативе години.

Размислувајќи како преку оваа колумна да го пренесам она што го имам на ум и она што сакам да ви го кажам, ми текна на еден навидум обичен збор со негативен контекст, збор кој совршено одговара на луѓето кои што моментално ја водат Република Македонија. Тоа е зборот НЕСПОСОБНОСТ. Решив токму овој збор да биде суштината на мојата колумна, бидејќи во суштина тој е и главниот извор на сите проблеми и цела лакрдија која ни се случува на сите нас веќе неколку години.

Па да почнеме со ред,

Секогаш кога ќе се спомене СДСМ, мене веднаш ме асоцира на зборот НЕСПОСОБНОСТ, но може и обратно, сеедно. А зошто баш токму тој збор? Еве зошто.

Зборот НЕСПОСОБНОСТ сам по себе има десетици слични или сродни зборови со кој му се совпаѓа основното или пренесеното значење. Тоа по дефиниција претставува СИНОНИМ. Имено, синоними на зборот НЕСПОСОБНОСТ се неподготвеност, немоќ, неодговорност, неефикасност, некомпетентност, нестручност, непринципиелност, нефункционалност, неозбилност, безидејност, корумпираност, непромисленост, неискреност итн.  Случајно или не, сите овие синоними на зборот НЕСПОСОБНОСТ како карактеристика за себе, ги поседува и практикува токму СДСМ. И не го велам и тврдам ова напамет, туку го поткрепувам со непобитни факти и класични примери.

Оттука, синонимот НЕПОДГОТВЕНОСТ можеме да кажеме дека многу потсетува на неподготвеноста на СДСМ да се справи со актуелната пандемија предизвикана од Корона вирусот која зема се поголем замав и станува се поопасна. Неподготвеноста и несериозноста на СДСМ уште од почетокот на пандемијата преку недостиг на заштитна медицинска опрема за медицинскиот персонал. Кога СДСМ не се грижи за медицинскиот персонал кој е прв на удар и најзагрозен од овој вирус, што можеме да очекуваме од нив за останатите граѓани. Но и неподготвеност на СДСМ да обезбеди доволен број на тестови и тестирања на потенцијалните граѓани заразени од Корона вирусот, лажирање и манипулирање со бројките на заразени. И најново, преку ноќ воведување, па укинување, па повторно воведување на три или четиридневен полициски час и играње со нервите и трпението на народот.

Синонимот НЕМОЌ, многу наликува на СДСМ поради нивната немоќ да воспостави вистинска контрола на теренот со цел заштита на граѓаните од ширење и ескалирање на Корона вирусот. Демонстрирање немоќ и правење константни опструкции поради страв од законското и ефикасното работење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, најмногу поради неговите резултати во справувањето со криминалот пристутен во власта.

Синонимите НЕСТРУЧНОСТ, НЕОДГОВОРНОСТ и НЕКОМПЕТЕНТНОСТ совршено одговараат на СДСМ преку однесувањето на нивните партиски кадри и државни функционери кои поради неодговорно и нестручно однесување доведоа во опасност многу граѓани непочитувајќи ги мерките за заштита, недржење дистанца при средбите, како и предвремениот почеток на кампањата за избори каде партиските функционери на СДСМ игнорирајќи ги мерките и неводејќи грижа за здравјето на граѓаните. Токму ова доведе до речиси пола партиско раководство на СДСМ да биде заразено и позитивно на Корона вирусот.

Синонимот БЕЗИДЕЈНОСТ потсетува на СДСМ поради немањето на концепт и идеја како да ги решаваат секојдневните проблеми на граѓаните. Наместо системски и квалитетни решенија, ние сме сведоци како СДСМ аматерски и на краток рок ги „решава“ проблемите на граѓаните. Немање на никаква идеја како вистински да му помогнат на бизнис и приватниот сектор кој е најпогоден од Корона вирусот. Празниот Буџет е најголем доказ за нивната безидејност и незнаење кое резултираше со огромно задолжување кое ќе го отплаќаат генерации и генерации во иднина.

Синонимот КОРУМПИРАНОСТ претставува можеби најдобриот и најадекватниот синоним кој го опишува СДСМ во целост. Изминативе три години, се изнагледавме голем број на скандали каде има основано сомнение дека станува збор за тежок криминал и корупција. Еден од поновите и поголемите е скандалот со огромните хонорари земани преку фирми фантоми на довчерашниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев. Сомнителниот обид за набавка на респиратори од Бразил од страна на Венко Филипче. Поткупот со зејтин и компир во струмичко на социјално загрозените граѓани во екот на пандемијата и злоупотреба на нивните судбини. Списокот е прилично долг и нема доволно место само да се набројат во оваа колумна.

НЕИСКРЕНОСТ и НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТ, исто така тоа е заштитен знак на СДСМ. 99% од она што го ветија на изборите во 2016 година, не исполнија. Освен укинувањето на радиодифузна такса од 180 денари, нели!? Ветуваа брда и планини, се расфрлаа со ветувања иако знаеја дека се нереални. Ветија зголемени плати во здравството, бесплатно лекување, автопатишта, 500 евра плата, нов Клинички центар, (и по три години, добивме само паркинг), редовни и поголеми субвенции за земјоделците, работа за младите и уште многу голем број на ветувања кои никогаш не ги исполнија и нема да ги исполнат. Впрочем, тоа е начинот на кој СДСМ функционирал отсекогаш, така и ќе остане засекогаш. Тие не ни знаат поинаку.

Токму овие навидум обични синоними и зборови, токму ваквото однесување на СДСМ, ќе им пресуди на следните избори, кога и да се одржат. Граѓаните ќе им ја испорачаат сметката за сето ова што го направија. На крајот од оваа колумна, би сакал да им порачам на колегите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема македонска партија и организација секогаш е спремна да излезе на избори и убедливо да ги порази, но нагласувам и потенцирам дека во овој момент, во периодот што следи, најдобро е целата држава и сите нејзини расположливи ресурси да се насочат кон успешно справување со пандемијата, наместо да се брза, расфрла и лицитира со датуми за избори со цел да се спасат нечии политички кариери од врхушката на СДСМ.

Пишува: Никола Мицевски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!
Следна објава Депонијата во Делчево гори веќе втора недела. Иста приказна секоја година- ситуацијата со депониите акутна во континуитет во Брегалничкиот регион
Може да Ве интересира:
Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

април 19th, 2021 0
Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

април 14th, 2021 0
Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

април 14th, 2021 0
Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!
Македонија

Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

април 13th, 2021 0
Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики
Македонија

Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

април 11th, 2021 0
Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија
Македонија

Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

април 11th, 2021 0
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

април 10th, 2021 0
Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија
Македонија

Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

април 10th, 2021 0
Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?
Македонија

Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

април 7th, 2021 0
Facebook Comments
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

0
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

0
Најнови објави
Апр 19th 3:05 PM
Технологија и Опрема

Програмери наспроти нормални луѓе #01: Корен на врв или корен на дно?

Апр 19th 2:05 PM
Македонска бесмртност

Почина Д-р Александар Стојчев- еден од врвните интелектуалци на полето на одбраната на Македонија

Апр 19th 2:01 PM
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

Апр 18th 3:15 PM
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Архива на статии
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.