БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комеморација за Билјана Беличанец во ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Денеска, 10.04.2019 година, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец, актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.

Почивај во мир. Ти благодариме за се, вечно ќе останеш во нашите спомени.

-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот