БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комити-Скопје: Секогаш кога сме тука е наше време, тука сме биле, тука сме и сега…

Пренеси го гласот

Оваа група ја сочинуваат слободни луѓе. Слободни за да знаат што е вистински избор, слободни да расудуваат со сопствени глави, слободни да имаат свој став, слободни тој став да го кажат, а потоа и да го бранат. Способни да го бранат системот на вистински вредности во време кога општествената атмосфера е таква која промовира лажни и искварени.

Оваа група има заштитен механизам којшто ги минимизира сите надворешни влијанија, не ослободува од следење директиви, затоа што нашата слобода ја заслуживме со нашата борба, со нашата способност решително да се спротивставиме кога се соочуваме со неправди. Ние тие неправди на своја кожа ги чувствуваме многу оддамна, за истите многупати сме алармирале, но сме биле осудувани и само мал дел не разбраа и застанаа позади нас, а останатите не осудуваа. Сега е поинаку…

Во оваа група владее другарство и почит. Во моментот кога стапнуваме на нашиот запад, забораваме на сопствените проблеми, личните предизвици и болка со кои се соочуваме во секојдневието, живеејќи во несредена држава каде секојдневно се случуваат неправди, а ние дирекно ги чувствуваме.

Почнува песна за Вардар и веднаш се менува ритамот, веднаш она што се случува на теренот ни станува најважната работа на светот, секоја шанса за гол – возбуда како да е прв натпревар. А кога ќе падне гол не пука страшна еуфорија која тешко ја контролираме, и во тие моменти таа енергија ја споделуваме на трибина, затоа што таму се момците кои точно те разбираат што ти се случува. На другите им е тешко да разберат…

Ние се боревме за себе и за останатите, се боревме за Вардар и Македонија. Тука сме сеуште, постоиме, ако треба никнуваме, и секогаш кога е така, имаме можност и шанса да победиме во нашата борба.

Секогаш кога сме тука е наше време, тука сме биле, тука сме и сега…

Креирано од:


Пренеси го гласот