Конечно денеска како граѓани видовме конкретна политичка акција во функција на обезбедување право и правдина во државата преку решавање на акутниот проблем во судството на чиј врв во судската номенклатура се наоѓа Републичкиот Судски Совет.
За првпат во Македонската историја некоја власт реши и спроведе постапка за лоцирање одговорност кај судската власт за катастрофално лошата состојба која ја тегне Македонија и Македонските граѓани кон дното кое постојано се продлабочуваше во минатите децении.
Пратениците од парламентарното мнозинство денеска по афирмација на аргументите зошто треба да се сменат петтемина членови на Републичкиот Судски Совет кои што беа избрани од страна на парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ во минатите состави на парламентот.
Согласно гласањето во парламентот со убедливо мнозинство од 77 гласови за интерпелација на членовите на Судскиот Совет, Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова и Миљазим Мустафа повеќе немаат доверба да работат и одлучуваат во републичкиот Судски совет!
Опозициските Партии СДСМ и ДУИ во чие време како власт беа избрани споменатите судии како и Весна Дамева по нејзиниот политички говор го напуштија парламентот, по што беше изгласана интерпелацијата.
Главните аргументи за потребата за разрешување на членовите на судскиот совет ги изнесе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава