Лични карти во Европа
Податоците кои што фигурираат во личните карти на скоро сите, без исклучок држави во Европа, се идентични и го означуваат меѓу другото и идентитетот на припадникот на дадената држава.
Покрај основните лични податоци и место на живеење, сите држави го наведуваат и државјанството односно националноста која е единствена и идентична со државата. Така во графата за државјанство-Nationalité, се добива на пример Французин , Италијанец, Германец, Швајцарец, Финец, Белгијанец…
Што е карактеристично за сите европски држави е, тоа што не постои посебна етничка определба на нивните граѓани. Со самиот чин на добивање на пасош или лична карта, се стекнува автоматски и националноста односно државјанството на државата а со тоа различното етничкото потекло повеќе не е во игра и не фигурира како такво.
Примерот со Швајцарија е посебно интересен, бидејќи и покрај кантоналното уредување со француско, германско и италијанско јазично говорно подрачје, сите се означуваат Швајцарци и како такви се и национално чувствуваат.
За илустрација, во градот Женева постојат околу 170 различни етнички определби и со самиот чин на поднесување на швајцарско државјанство, тие стануваат Швајцарци и како такви ги уживаат придобивките што државата им го нуди.
Во контекст на последните политички превирања и препукувања во Македонија со предложениот Закон за лични карти , важни и корисни се секако примерите со државите во Европа, каде Македонија не би требало во никој случај да биде преседан во тој домен.
Затоа било кое менување на досегашниот модел за лични карти во Македонија , особено иницирано од “владеачката “ гарнитура е почеток на разбитнување на еден веќе утврден европски модел и секако увертира во деструкцијата на македонската нација.
-Соопштение на Координативното тело на Македонците во Европа.