Корупцијата, протекционизмот и репресијата на актуелната власт врз неистомислениците со нивната антинародна и анти државна агенда во изминатите три ипол години е основната причина за најголемата егзистенцијална криза во која денес живеат Македонските граѓани.
Оваа тековна криза е поголема од кризата од периодот на приватизацијата на државниот капитал во 90-тите од војната во 2001 година. Оваа тековна криза кој го распара Македонското постоење не е само здравствено-безбедносна криза диктирана од Ковид вирусот, туку далеку подлабока и посуштинска, што во општата паника и хаос многу ретко се идентификуваат нејзините вистински причинители.
Корупција
Корупцијата во државата присутна на секое ниво на општествено живеење е првиот столб на општествениот хаос во кој како граѓани сме заробени не само 30 години независност, туку многу повеќе пред тоа. За да заврши човек било каква работа во контекст на институциите повеќе од нормално го сваќа моментот дека треба да го почести службеникот за завршената работа. Стандардот на административните работници како и стандардот на останатите најзастапени професии на егзистенција во државата е несомнено мал, па секој екстра “профит” па макар тоа било и Милка чоколада и Кока Кола се и тоа како добредојдени. Преќутно одговорните лица во институциите тоа го одобруваат, имајки го во предвид лошиот стандард ма нивните потчинети службеници. Оттука нагоре влогот се подига, па чиновниците од повисоката хиерархија во администрацијата се дклони кон корупција од поволуменозни митаџиски пакети. И тоа е присутно над 8 децении организирана македонска држава а најверојатно и пред тоа.За последните 3,5 години владеење на Зоран Заев и СДСМ во сите пори на власт во Македонија корупцијата да доживее епски размери на очиглед на целокупната западно-европска и американска естаблишментска јавност.
Така на јавна сцена македонските граѓани со сопствени пари кои ги плаќаат преку јавните давачки во Буџетот на државата, ја финансира сопствената корупција. Во изминатите 3,5 години сведоци сме на зголемен број и зголемени износи на реализирани договори во 4 очи на институциите со приватни компании со што голем износ на пари се одлеваат од државата во џебот на малкумина.
Тука се и фондот за иновации преку кој се финансираат бизнис планови на поединци за развој на стопанството а стопанството незапирливо тоне во својата неспособност и агонија.Па тука е и фондот за европски образовни процеси и мобилност (народски познатите проекти за тренинг на магариња), како и директните грантови шеми за разни програми за развој на демократијата, стандардот, животната средина, бизнисот итн. во Македонија.
А сите овие состојби во овие полиња во Македонија никогаш не биле полоши: Демократија има се помалку, стопанството е клекнато на колена, семејниот стандард на грото македонски семејства е руиниран.
Клучно прашање е што ли пишуваат во своите извештаи делегатите на Советот на Европа во своите извештаи за ваквите состојби во Македонија?
Протекционизам
Протекционизмот во Македонија е друга малигна појава која одвнатре го разорува македонскиот државен капацитет. Исто така присутен повеќе од 80 години а можеби и повеќе, овозможува декаденција на квалитетот на живот на Македонските граѓани, стимулиран од широко-распространета лепеза на центри на моќ. Протекционизмот е присутен особено во најинтелектуалната елита во редот на образованието, здравството, сите високо-образовни професии и општествени позиции. Речиси е нормално во нашата држава било кој од нас да се обиде со протекционизам да овозможи за себе одреден процес на општествена манифестација во сопствена полза и интерес. Така протекционизмот ја носи државата, вредностите, енергијата понекогаш (најчесто) во негативен правец на општествен развој во Македонија.
Со протекционизмот не секогаш најдобрите стануваат професори на факултет, во гимназија, наставници во училиште… не секогаш најдобрите стануваат лекари, инжинери… а овие професии се клучни во опстанокот на одржливо општество на константен прогрес кој во Македонија е заменет со регрес.
Грубата партизација на Македонското општество е дел од таа гломазна рак-рана на Македонска пропаст. А последните 3,5 години на владеење на Зоран Заев и СДСМ се своевидна ренесанса за протекционизмот врз основа на посветеност и волјата за следење на политиките на еден човек.
Повторно тука како клучно прашање се јавува реторичката дилема: Што ли пишуваат и за што известуваат делегатите на Европскиот Совет за состојбите поврзани со протекционизмот во Македонија кој како сидро околу вратот на Македонското постоење го влече Македонскиот граѓанин по дното на светскиот океан?
Негативните ефекти на протекционизмот во нераскинлива врска со корупцијата (особено државната корупција финансирана со јавни буџетски пари) на тој начин пораснаа со геометриска прогресија на причинско-последичен ланец помножен токму од тие две константи присутни во Македонското секојдневие.
И конечно доаѓаме до репресијата како главна причина за постоењето на мочуриштето во кое постојано тонеме во нашето Македонското секојдневие.
Репресија
Репресијата важи и за господар на корупцијата и протекционизмот: Онаму каде не може овие две да доведат до резултати, репресијата како последен бастион на хегемонизмот, последна го задава својот удар. Повторно ќе констатирам дека репресијата (како и корупцијата и протекционизмот) е присутна над 8 децении во животот на овие Македонски простори, само и единствено поради краткогледоста на Македонскиот народ за негативните последици од нивната присутност во животното секојдневие.
Репресијата во последните 3,5 години е доминантно политичка, инспирирана и спроведена декларативно од политички мотиви!
Но таа политика не подразбира идеолошка различност или борба за алтернативна стратегија за напредок. Политичката пресметка во изминатите 3,5 години е базирана од егоистични побуди на интелектуелна инфериорност, економска зависност и општествен статус. Овој тип на репресија е особено штетен за општествениот систем на нашата држава, што доведе до длабоки лични поделби во Македонското општество, би рекол на праг на граѓанска војна.
Индикатори за постоење на вака дефинираната политичка репресија се повеќе од присутни насекаде во Македонија. Почнувајки на највисоко ниво на прогласување на поголема група на Македонци за терористи со единствена цел за ширење на страв и психоза кај останатите противници на актуелниот репресивен апарат во рацете на Зоран Заев, па се до најзафрленото место во државата каде постои инфериорност на поединецот под ударот на масивно-организираниот државен апарат. (Организиран се разбира со пари на самите граѓани).
Во Македонија
-медиумските слободи се поделени на “наша и ваша вистина”,
-помошта за егзистенција на граѓаните е првенствено мотивирана од политичката припадност и волја манифестирана во вид на гласови пред избори,
-правдината е достапна само за “нашите” додека “вашите” можат да прават што сакаат, во судско-обвинителски лавиринти со античкиот минотаур кој се појавува само за одредени поединци.
Повторно би запрашал: Каде се тие фамозни извештаи на делегатите на Европската Унија за политичката репресија и тортура врз поединци од страна на државниот репресивен апарат? Каде е фамозниот Совет за човекови права и слободи на Обединетите нации и кои се ефектите од нивното постоење по прашањето на Македонското постоење?
Како ли гласат и дали некој ги видел извештаите на делегатите на Европската комисија за репресијата од страна на државата предводена од Зоран Заев врз Македонската слободна волја пред и за време на референдумското изјаснување на 30-ти Септември 2018 година?
Кои се забелешките на делегатите на Европската комисија за состојбите на демократијата во однос на репресијата врз волјата на пратениците при гласањето на уставните измени со кои се промени името на држаата Република МАкедонија?
Кои се аргументите на делегатите на Европската комисија за “брзите прсти” при гласањето на секои 2 секунди на претседателските избори на кои Стево Пендаровски стана претседател на оваа “банана држава” по мерка на сите освен на нејзините граѓани?
Половичната или преќутената вистина НЕ Е ВИСТИНА. Тоа е манипулација за искривување на вистината во име на вистината.
Епилог
И токму во зенитот на тој репресивен апарат кој незапирливо водеше до катастрофални последици по Македонското постоење и идентитет, се пројави “гласот на разумот” во вид на телефонски повик за “налегнување на топката”.
Во услови кога умираат Македонски граѓани (од сите етнички заедници) како никогаш до сега, во услови на досега најголема сиромаштија, неправда и поделби, криминал и корупција, протекционизам и репресии, “гласот на разумот” во слушалката на телефонот вели BACK OF!
Репресивниот апарат на Зоран Заев и неговите продолжени раце и понатаму е ставен на “стенд-бај”. Протекционизмот и корупцијата продолжуваат да си ја вршат својата непрекината улога во животот на обичниот Македонец.
Тоа е таа политика на “стапот и морковот”. Со доведување на Македонското општество до климакс на внатрешни состојби зрели за апокалипса, продолжува “молзењето” на трудот и богатството на Македонскиот народ преку корупција и протекционизмот до некоја наредна вештачки генерирана криза на тотално самоуништување од која повторно ќе бидеме спасени во интерес на сопственото продолжено ропство.
Непознавањето на вака детерминираните процеси и инструменти за владеење над овој народ, го става народот во подредена улога слична на онаа во филмот Матрикс, но во реални и актуелни рамки со реални општествени причинско-последични алатки на контрола и влијание.
И да! Не е се исто- дали ќе одиш по патот или ќе бидеш свесен за постоењето на патот по кој што треба да одиш.
Пишува: Кирчо Анастасов