БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачевски: Ние сме дестинација која инвеститорите ја преферираат

Пренеси го гласот

Споделувајки фотографија како се шета со Макрон и Шарл Мишел, премиерот Димитар Ковачевски во своја реакција на социјалните мрежи зборува за повеќе работи кои што се обидува да ги поврзе во една целина за да има смисла пред јавноста во функција на добивање на политички поени кај граѓаните.

Ковачевски својата реакција ја започнува со креирањето на буџетот за 2023 чија што процедура е во тек, па спомнувајки ја кризата пропагира дека владата на СДСМ и ДУИ обезбедиле помош за стопанството и фирмите и најзагрозените граѓани, преку најавата дака Македонија ќе се зачлени во ЕУ во 2030 година и со сила реализираното членство во НАТО, Ковачевски заклучува дека Македонија била дестинација за инвеститорите….

И во целата оваа пропагандна какофонија Ковачевски заборава да спомене опипливи факти кои што говорат за се поизразената сиромаштија, затварањето на малите и средни македонски компании, катастрофата во образованието и здравството, за галопирачката инфлација и пораст на цените за основните животни намирници….

“Буџетот за 2023 обезбедува стабилност, сигурност и економски раст, а од него очекувам резултати и ќе инсистирам да ги има.

Како и досега, никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата бидејќи ова е време на солидарност, не на изобилство. Со антикризните мерки ја заштитивме македонската економија и стандардот и обезбедуваме поддршка за најранливите граѓани, но и обезбедуваме ликвидност на компаниите за да ги заштитиме работните места.

Со капитални инвестиции во сите сегменти пак, обезбедуваме мир, стабилност и просперитет на државата со финална цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 што е амбициозна но остварлива цел на која треба да работат сите чинители во државата.

Како земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со ЕУ, ние сме веќе дестинација која инвеститорите ја преферираат. Затоа и успеавме во изминативе 10 месеци да обезбедиме 2000 нови, подобро платени работни места за нашите граѓани.

-стои во фејсбук статусот на Димитар Ковачевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот