Синоќа премиерот Ковачевски за кого очигледно предвреме започна предизборната кампања а судрен со катастрофално лошиот рејтинг на неговата партија СДСМ, се обиде да ги бодри неколкумината преостанати функционери и активисти во штабот на СДСМ во Сопиште.
Од таму со неколку фотографии облечени во препознатливи дрчливи елеци налик елеците за спасување од давање со исфорсирани насмевки Ковачевски упати неколку пораки чиј текст го пренесуваме во продолжение:
“Рамо до рамо со граѓаните на Сопиште, членовите и симпатизерите на СДСМ.
Успешно се справивме со светската енергетска криза. Опозицијата блокираше Собрание и најавуваше крах, рестрикции на струја, недостаток на енергенси и храна. Тоа не се случи, напротив. Ние работевме, неуморно и успеавме да обезбедиме струја, греење, храна, се што беше потребно.
Го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите во време на криза со антикризен пакет од 760 милиони евра, најголем во регионот.
Стоиме цврсто. Со државнички политики енергетскиот систем го одржавме стабилен и сугрен.
Имаме 100% домашно производство на струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Кризата ја претворивме во можност, ја развиваме и зелената транзиција и нашата земја ја направивме лидер во регионот.
Напредокот продолжува.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение
Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници од СВР Штип за пожарот во дискотеката во Кочани
Започнаа обуките за јакнење на мултисекторските тимови за спречување, заштита и поддршка на жртви од родово и семејно насилство