Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Ковачки: Додека Еролд Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од партиското сердиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки ја алармираше јавноста за скандал поврзан со Директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу. Имено станува збор за доделување на грант-неповратни сретства во износ од 620 000 евра на сопругата на директорот Муслиу преку нејзината невладина организација.

“Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра.

Сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра.

За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра.

Имено, 4 невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста.

Две невладини организации се под контрола на сопругите на Директорот на АР Еролд Муслиу и на Вице-премиерот во Владата Фатмир Битиќи.

Вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени НВО, добива странски грант од 620.000 евра.

bregalnickimarketing

Клучното е што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста.

Имено, поради донесената одлука на Влада за склучување на меморандумот, парите од грантот завршиле во невладината организација на сопругите на Директорот на АР и на вицепремиерот.

Ги повикуваме ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист.”

-рече денеска од партиската говорница пратеникот Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот