Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во врска со обидите на одредени про-владини мегафони да ги оправдаат пресудите за тероризам на Добрила Кацарска во врска случувањата на 27 април 2017 година во Македонското собрание, ја потсети Македонската јавност на немилите настани кои се случија на анти-НАТО протестите и палењето на амбасадата на САД во 1999 година.
Притоа Ковачки јавно запраша дали се пронајдени сторителите на овие акти на насилство против амбасадата на САД во Македонија.
“За секое дело треба да има казна. И тоа соодветна на делото.
Деновиве гледам пак е актуелен 27 април. Па се прават паралели, објаснувања, извираат емоции, демек да се присетиме дека некој некого треба да сожалува. Значи да повторам, секој треба да си одговара за стореното, ама не може за една клоца некој да лежи 10 години. Па соработниците на Осама Бин Ладен не беа казнувани во Гвантанамо со толку долги затворски казни. На сите им е јасно дека станува збор за политичка нарачка која има повеќекратна цел. Но за тоа, друг пат.
Туку, ако за една удрена клоца казната е 10 години, тогаш колкава требала да е казната за организаторите и извршителите на анти-НАТО протестите и палењето на амбасадата на САД во 1999? Ги најдоа ли?
*Инаку напад на амбасада на некоја држава е напад на суверената територија на таа држава.”
-напиша Драган Ковачки на фејсбук.