Денеска како дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Драган Ковачки одаде почит на загинатите бранители од 2001 година. Притоа во изјава за јавноста Ковачки информираше за законските измени кои што како политичка партија ги подготвуваат за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители од војната во 2001 година.
“Како делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска дадовме почит на загинатите односно починатите бранители од 2001 година.
Сакам како пратеник во Собранието на Република Македонија да кажам дека завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме.
Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС.
Можам да изразам жалење денеска што не видовме претставници од Министерството за одбрана за кои што сметам дека овој ден требаше да биде искористен да испратат делегација.”
-соопшти денеска пратеникот Драган Ковачки за Македонската јавност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта