БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Сања Лукаревска е покровител на рекетот во Македонија преку повратот на ДДВ

Пренеси го гласот

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешното негово гостување во Тема на денот во централниот дневник на Сител ТВ зборуваше за повеќе актуелни прашања поврзани со политичкиот дискурс во државата.

Тој упати сериозно јавно обвинување кој директорката на УЈП која што е и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска дека била “носител односно покровител на рекетот во Македонија.”

“Знаат граѓаните дека ништо досега СДСМ не направија, видоа, се виде досега нивното катастрофално владеење она што ние го нудиме се 800 милиони евра поддршка за земјоделците. Ја споменавте Сања Лукаревска носител на изборната единица број 3, она што можам да го кажам е дека тие бегаат од одговорност и се кријат на пратеничките листи позади имунитетот пратенички. Зошто, затоа што Сања Лукаревска е носител односно покровител на рекетот во Македонија, како тоа се прави на многу едноставен начин фирмите кои што треба да имаат поврат на ДДВ и овде станува збор на поголемите фирми, УЈП не им го исплаќа повратот на ДДВ, што се случува дали директорката Сања Лукаревска или некои директори што и се нејзе подредени се јавуваат на тие компании и побаруваат од истите тие сопственици на компаниите да извршат уплата за одредена услуга или некоја активност на фирми блиски до СДСМ. Доколку тоа го направат, и тоа некаде во висина од 10 % од повратот на ДДВ им се враќа ДДВ -то на тој начин се испумпуваат околу 10 милиони евра од компаниите. Сања Лукаревска повторувам е човекот кој што го покрива тој рекет, тој криминал, еве може и да се провери“

-рече Драган Ковачки во одговорот на прашањето упатено од страна на водителот.

Ковачки додаде дека после формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има истрага и секој ќе сноси одговорност за она што го работел.

„После формирањето на владата ќе се има истрага и секој што правел криминал ќе си одговара, нека си мисли и Сања Лукаревска нека си мислат и нејзините подредени директори“

bregalnickimarketing

-рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот разговор во вестите на Сител може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот