Министерката Весна Јаневска сериозно се зафати и веќе е во напредна фаза во процесот за воспоставување на долго очекуваните и толку многу потребните реформи во образовниот процес за Македонските ученици. Во рамки на програмските определби за кои што граѓаните дадоа масовна поддршка на последните парламентари избори, министерката Јаневска е во процес за промени во средното гимназиско образование, за што секојдневно е во комуникација и таа самата но и надлежни претставници на институциите со сите засегнати и заинтересирани страни.
Денес во рамки на тековниот транспарентен и инклузивен процес министерката Јаневска седеше со претставници на младите од нивните граѓански организации кои и тоа како имаат интерес да бидат вклучен во самиот процес на донесување на реформите. За поздравување е енергијата со која младите се вклучуваат во самиот процес што ќе значи модерно и динамично образование доследно на времето во кое живеат младите.
“Гласот на младите, додека сум јас министерка за образование, ветив дека ќе се слуша, и тоа го правам. Планираме промени во средното гимназиско образование и затоа ни е важно да чуеме што мислат за нив претставниците на средношколците и на другите младински организации.
Денес, на заедничка маса, бевме со младите и со Бирото за развој на образованието. Сите имаме за цел поквалитетна настава, поголем избор на предмети и стекнување на вештини потребни за 21-от век.
Во тек е јавната расправа за новата Концепција за гимназиско образование. Добредојдени се конструктивни сугестии од сите кои сакаат нашите гимназии да бидат вистински расадници на знаење. Заедно да ја креираме најефективната реформа, која општеството ја чека повеќе од 20 години.”
-напиша на социјалните мрежи Министерката Весна Јаневска во врска со денешните работни активности заедно со младите.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година