Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Крик на една млада Македонка: Не би сакала да дојде време кога ќе кажам си беше еднаш многу одамна една Македонија

Пренеси го гласот

Дете сум кое израсна со приказните за Пепелашка, Снежана и Пинокио. Дете на Македонија, родено во Македонија, мојата држава.

Сега јас живеам , живеам… и слушам како децата раснат со погрешни приказни, всушност не децата сега не слушаат приказни, слушаат изветени лаги,  а лажговците не се плашат од носот на Пинокио. Сепак тоа е една приказна, а кај нас приказната е без крај.

Се плашам  кога ќе дојде денот за да јас раскажувам приказни на моите деца.  Почнувајќи си беше еднаш…

Не сакам да им ги перам мозоците со розов свет и бајки, туку приказни за една наша Македонија, наша мала но убава.

Не би сакала да дојде време кога ќе кажам си беше еднаш многу одамна една Македонија… но сега ја нема… Ни ја одземаа , ни дадоа нова држава , безимена, името не и е така .

И не сум слушнала некој да си го менува името, името е моето јас.      

 Јас сум Македонија, јас тука се родив и пораснав, и јас знам само една приказна.

Демократска и независна?

Дали?

И не баш.

Се натпреваруваме со правење глупости ,  играме криенка во која губиме.

Времето се троши , се истришивме и ние. Се уморивме , се изнаслушавме и изнагледавме на лошо режисираните филмови.

За правење добро никој не го прави првиот чекор. Од што толку се исплашивте… ви се закануваат ли со губење на работа или живот. Акоо , само така продолжете , изгубивме како и да е се.

Држава во која живеам.

 Си велам зошто тука ?  богата историја, изобилство од природа која згаснува, природна убавина заменета со разни градби .

Но каде ни се луѓето ? Кај заминавте македонци? Последниот што ќе остане ќе раскаже па и тој ќе си замине… до кога ќе ни заминуваат младите капацитетни луѓе, болниците  и училиштата се празни.

Во оваа држава има само полни џебови, да, ама не нашите. Кога велам нашите , мислам на мене, луѓето како мене, на вас до мене, од спротива и пред мене.

bregalnickimarketing

Брзање и натпревар со времето и водство за него 1-0 . богати, сиромашни, среќни и несреќни, старо и младо собрано, болни од чудни болести за кои  лекот долго се бара, а кога ќе се пронајде се собира ситна пара, кој колку може, кој колку има, жално но ќе кажам дека за донации пари немаме, но за кафиња и тоа како… ништо на светот не може да се спореди со живот на еден млад човек, и ниту една вода не постои која ќе ни го измие срамот. Баби и внуци, деца питачи, луѓе бездомници, оние кои очите ги впериле во работата и парите, скапите автомобили , и тие се само еден лош, не квалитетен материјал, но метастазираат  низ општеството, работници , и денгуби,. Преплетени приказни, крај , и нов почеток…

Сите очекуваме нов почеток…има ли мир , и кога луѓето ќе се задоволни со овој живот кој го живееме. Ние тука сме обични гости, кои  еден ден ќе заминат, ќе се заборават, а на некој ќе се сетат што направил дури бил на гости. Народот зборува, но гласот не се слуша, народот има очи но гледа… отворете ги очете и прошлапкајте ги со ладната вода, разбудете се.

Заборавивме да се смееме, се повеќе гледам скиселени лица отколку вистинска насмевка.

Не чепкај ме немам време… е како? А време за бош муабети имаш, за фб имаш, а за сопственото дете не. 

Плачеме ноќе кога легнеме и перницата на која ги постеламе  најголемите соништа  и желби  станува мокра.  Тука кај што живеам луѓето ја стискаат последната пара во џеб и едвај скројуваат крај со крај , од ден за ден, го чекаат идниот месец  за ситна пара , детските срца се задоолуваат  со бомбонче и мало чоколадо, и мислиш колку ли ќе е сметката за струја , телефон и вода.  Ќе бидат ли доволни парите, колку ќе е студена зимата, бидејќи дрвјата се при крај.

Се е при крај, и шеќер, и сол, и зејтин, а и ладилникот е скоро празен.

Велиш добро е и ја крпиш старата кошула, врз неа вез од мака, неправди и даноци кои ги зголемија.

Правдата почина , со неа замина и мирот. И не знам веќе колку помина од тоа, не се ниту 7 дена , ниту 40, туку многу повеќе.  Назад нема.  Загубени, неми и слепи во лавиринт држава или живот.

И надеж снемува, и тоа е при крај , или е прескапо за нас обичните луѓе.  И така место во кое живеам е чудо , се чувствувам како Алиса загубена во земјата на чуда- Чудни чуда од кои сакам да излезам. 

Но ајде, можеби ќе биде нешто на попуст па ќе можеме да го добиеме, пример некое наше право кое е погазено па и за нас силно ќе светне ден, тука кај што јас живеам , живеам.

Се чудам на животов, и нешто одвнатре ме јаде, ме ситни, срцето ми го распрачува, морници ми лазат низ телово, а младоста гние, очите уште сега со солзи ми се полнат кога помислам дека еден ден моите деца ќе ме прашаат-

Мајко , ти живееше во Македонија, дали е таа сега истата држава?

Можеби ќе сум тука, можеби ќе заминам со куферот во рака, празно срце, и тага, за жалната ни татковина. Но гордо ќе раскажувам каква ми била некогаш, каква беше  Македонија. И жал во мене ќе се буди  кога ќе кажувам каква е сега, низ што мина, што дочека…

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот