П О Р А К А бр. 67
СТЕВО, ТОЈ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ
Не помина ниту еден ден откако ти даде една сосема нормална изјава ,во која рече ,,Не постои нормален човек кој ке разговара, преговара и потпишува договори дали постои МАКЕДОНСКИ јазик и МАКЕДОНСКИ народ. Ако некој го прави спротивното по логика тој е НЕНОРМАЛЕН, и тој ненормалниот се јави и рече дека во најскоро време ке одел кај телохранителот на Тодорчо (Живков) и ке разговарал, договарал, преговарал, бидејќи ние сме биле пријателски соседи и не бива туку-така да го раскинеме пријателството.
Е_ати пријателството кога тн. пријател вели дека не постоиш!
Дали е можно по речиси 30 години ти Стево да бидеш ВИСТИНСКИ претседател на нашата држава? Да бидеш одличен, зошто и така си ПЕТТИ по ред? Јас се сомневам, но не речи двапати. Пу, пу..
Првиот Кирчо, излезен од шинелот на Јошко браварот, си беше со диктаторски манири. Не дозволи партиска влада па си го стави комшијата Кљус-ето за премиер. Барање за прием во ОН поднесе дури во 1993, откако му пропадна платформата “Глигоров-Изетбеговиќ”
Вториот, бог да му душа прости од Охрид ке правеше НЕКРОПОЛА, државата му беше пред распад а тој поим немаше што се случува.
Третиот мангупот Бранко и четвртиот Ѓорѓе даваа аболиции,поготово последниот,дури на НЕВИДЕНО.
Стево, биди МАЖ и терај како вистински претседател!
Пишува: Крум Николовски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена
Истрага против 11 лица од кои седум полициски службеници
Поднесени обвиненија за предметот „Онкологија“