БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: ЦАРЕВАТА НОВА ОБЛЕКА

Пренеси го гласот

(НОВО)ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ -LXVIII-дел

Беше тоа во едно мало и сиромашно СЕВЕРНО царство, некаде на ридестиот балкан. Царот ЗОКУ Први, често милувал да ја менува облеката. За тоа разбрале двајца гангстери(сега се викаат пранкстери). Едниот се претставувал како Столтенбрег а другиот Порозенко. Биле руси, а тоа е држава со долга царска традиција.
Царот пратил низ царштината телали брзоодници да најдат кројач и шивач што ке направат најубава царска облека. Наравно се пријавиле тие.Се сместиле во царска одаја и јаделе и пиеле најубави царски јадења. Минале месеци а од облеката -ништо. Министерката ,царски советник за војни прашања отишла кај нив да види до каде е работата. Пранкстерите и рекле еве овде е облеката уште малку ке биде готова. Облеката е таква што може да ја видат само умните луѓе,за оние глупавите таа е невидлива. Таа наравно не видела никаква облека, но за да испадне дека е умна, рекла дека е вчудоневидена од убавината на материјалот и кројката и побарала да биде и непробојна(панцирна). Пранкерите и ветиле дека таква ке биде.

Работата станала сосема сомнителна, па затоа царскиот советник-министер за азно Дракче Дедовски отишол кај шивачите.Тие и нему му ја повториле приказната дека само умните можат да ја видат,а за глупавите таа е невидлива. Дедовски, ја сватил измамата, веднаш отишок кај царот Зоку Први и му рекол дека “облеката” е убава но царството е сиромашно за така скапа облека. Царот го сменил од чувар на царското азно и тој си се вратил да биде даскал.
Кај “шивачите” се изнаредиле сите советници и сите велеле дека облеката е прекрасна за да не признаат дека се глупи. По 6 месеци пранкстерите преку советниците го повикале царот Зоку Први за да го облечат. Кога влегол, тие и нему му рекле дека само умен цар може да ја види убавата царска облека, додека за глупите таа е невидлива. И тој не сакал да ја каже вистината за да не дај боже испадне дека е глуп. Го соблекле сосема гол и правејки имитација дека го облекуваат го “облекле”. Потоа тој напред и сите советници-министри по него тргнале од дворецот (владата), па преку камениот мост кон парламентот. 
Се насобрал народ кој гледал и се чудел како нивниот цар сосема гол оди по калдрмата. Никој не смеел ниту уста да отвори а камо ли ја да каже вистината. И наеднаш во толпата народ едно дете извикало “Народе царот е -гол!”

Пишува: Крум Николовски

Креирано од:


Пренеси го гласот