БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Купување преку интернет на невидено?!? Ризици и закани

Пренеси го гласот

Во последно време социјалните мрежи се преплавени од реклами на разно-разни производи кои што на граѓаните им се нудат директно на продажба преку објава на фотографии со достава до дома.

Голем број од ваквите онлајн продавачи најнапред бараат уплата на сметка за производот кој го продаваат а потоа истиот го испорачуваат на купувачите.

Голем број на граѓани јавно се жалат дека тоа што го виделе на ракламата не соодветствува со тоа што го добиле при испораката и не можат да си ги вратат парите кои ги платиле назад.

Дали и на кој начин граѓаните во Македонија се заштитени од заканите за измама во ваквиот проблематичен начин на купопродажба кој е сеприсутен во државата?

Првиот проблематичен аспект на ваквата продажба е плаќањето на даноци кон државата.

Бидејки во голем број случаи станува збор за наплата преку карго-достава со кеш пари, постои голема веројатност истите да не се даночат и стануваат дел од развиената сива економија во државата за која надлежните институции глсно молчат.

Поедини онлајн сервиси имаат електронски апликации за наплата на трговија од граѓаните преку платежни картички, но и во ваков случај граѓаните мораат да бидат свесни дека може да станат дел на риминален круг на злоупотреба на нивните платежни картички и лични податоци кои ги оставаат на интернет.

Многу често граѓаните плаќаат онлајн за некоја услуга без да ги прочитаат сите услови за користење на истата па така еднократното плаќање за одредена услуга може да стане повеќекратно плаќање затоа што граѓаните не кликнале за исклучување на сервисот по истекот на првиот период за кој што имале намера да го закупат истиот.

Понатаму фејсбук страници креирани за продажба спакувани во привлечни маркетинг пакети, пласираат многу често лажни информации во врска со одредени производи/услуги на што се “лепат” голем број на граѓани, кои најчесто завршуваат измамени или оштетени од она што го добиваат како производ/услуга. Спонзорираните објави на социјалните мрежи на можат да се забележат во определен временски период од годината со некаква наводна сезонска понуда или пак т.н. black friday понуда со огромни попусти таргетирајки голем број на граѓани а откако ја постигнат зацртаната цел профилите/фејсбук страниците/ групите ги снемува или го менуваат името по што продолжуваат периодично да нудат други производи/услуги за нови наивни клиенти кои што ќе наседнат на нивните т.н. маркетинг кампањи.

Најчсто во прометот на ваквите процеси станува збор за релативно мали суми на плаќања, за кои што институциите на системот (МВР и УЈП) нема интерес да ги гони и процесира, па така оваа сива економијасе шири во хоризонтала на огромен простор во Македонската економија а граѓаните губат од повеќе аспекти во ваквата состојба.

Можностите за злоупотреба, измама и штета врз граѓаните е огромна а за надминување на ваквите потенцијални закани. Покрај подобрување на интернет писменоста на граѓаните која е на особено ниско ниво во државата, треба клучен збор да го имаат и институциите на заспаниот систем на државни власти во Македонија кои што не се способни да се носат со предизвиците на дигитализацијата во трговијата во денешно време.

Креирано од:


Пренеси го гласот