Господ да ја чува Македонија од политичари дезертери, интелектуалци кукавици и корумпирани судии. Сите заедно се бојни отрови, нуклеарен отпад и поединечна и групна опасност за дискриминација на луѓето. Ги задушуваат човечките права и слободи, ја занемуваат гласноста на демократијата, радиоактивно го озрачуваат општеството и немилосрдно газат по човечки судбини одземајќи им ја неправедно слободата, имотите, а не ретко и животите на нивните граѓани. Апокалиптично, зар не?
Но, сепак уште пострашно, сите тие се Lupus за македонското општество. LUPUS – SLE ( системски лупус еритематозус – systemic lupus erythematosus ) е автоимуно заболување кај кое самото тело наместо да се грижи да го сочува здравјето на организмот, предадено од сопствениот имунитет, се претвора во агресор и ги напаѓа и убива сопствените клетки, ткива и витални органи – белите дробови, срце, црн дроб, панкреас, бубрези, а создава и тешки нервни растројства. Девет пати повеќе ги напаѓа жените и што е најстрашно најчесто во возраста на нивната репродуктивна моќ.
Сите вие заедно хемиски ја стерилизиравте нашата Татковина, ја направивте јалова да не може да ја воспостави, одржи и продолжи репродуктивната врска. Брутално и безмилосно удривте по нејзините највитални органи – име, идентитет, јазик, потекло, народ, историја. А бевте должни под заклетва пред Уставот и народот да бидете најсилниот имунитет што ќе ја брани Македонија и македонскиот народ. Вие го направивте токму спротивното, што е за секаква осуда.
Преостанатиот дел колумната на Ламбе Арнаудов може да се прочита на Курир.мк