Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера при своето обраќање до медиумите ги повика сите граѓани кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ да се придружат на протестниот марш оваа недела 17.06.2018 година со почеток во 13.30 часот пред спортската сала во Битола.
Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани во Република Македонија кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики кои што владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да ни се придружат на протестниот марш кој што ќе го одржиме во Битола во недела со почеток во 13:30 часот.
-изјави Мицкоски