Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата.
Возачот убиец кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, дента наместо во возило требал да биде во затвор, ако судијката Даниела Алексовска Стојановска, наместо во поправен дом го испратила во затвор како што според закон и требала да постапи.
Возачот убиец бил фатен за трговија со наркотици, и по ниту еден основ не можел да заврши во поправен дом.
Судскиот совет да не чека да помине време, туку веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, а ЈО да отвори постапка за истата како и зошто досудила таква одлука.
ЈО и судството немаат повеќе слободно време, народот очекува да се фатат за работа и спроведување на законот. Одговорност мора да има.
-интегрален текст на прес конференцијата на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе