Во пресрет на одбележувањето на 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев чие што име го носи градот Делчево, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ организира Литературен конкурс на тема “Неговото дело- наш завет”.
Конкурсот се состои од два дела, од пишување поезија и пишување на проза во две категории: млади до 28 години и возрасни автори и ентузијасто кои сакаат да творат во име на апостолот на Македонското револуционерно движење.
“Неговото дело-наш завет”
По повод 153 години од раѓањето на апостолот на Македонското револуционерно движење и народен учител Гоце Делчев, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево организира литературен конкурс за:
1. Литературна творба во стихоови
2. Прозен реферат
посветени и инспирирани од ликот и делото на нашиот патрон чие име го носи Делчево.
Право на учество имаат сите млади (до 28 години) граѓани на општина Делчево и сите наши сограѓани и ентузијасти(над 28 години) кои имаат интерес да земат учевство на овој литературен конкурс. Натпреварувањето ќе биде во две категории.
Литературните творби да се достават во порака (inbox) на фејсбук страната на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево( https://www.facebook.com/UMSDelchevoVMRODPMNE ) или на e-мејл( ok-delcevo@vmro-dpmne.org.mk ), заклучно со 1 февруари 2025 година.
Литературните дела ќе ги прегледа стручна комисија составена од наставници и професори најдоцна до 3 февруари, кога ќе бидат избрани најуспешните творби, ќе бидат јавно објавени и за кои ќе следуваат соодветни награди.
За сите учесници во конкурсот ќе следуваат Благодарници.
Оваа активност ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево ја реализира во рамки на заложбите за возобновување на Манифестацијата Гоцеви Денови.
-стои во објавата на социјалните мрежи на ВМР-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани