БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Магијата на руралните места: Нов Истевник-делчевско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вовед за селото

Атарот на село Нов Истевник зафаќа површина од околу 21 км2. Конфигурацијата на теренот е ритско-планинска исполнета со висорамнини и ридест предел.

Низ атарот на село Нов Истевник поминува реката “Желевица” која е една од еколошки најчистите природни средини во државата. Сообраќајно селото е поврзано преку регионалниот пат Р1302 со градот Делчево и соседната општина Пехчево. До сите селски маала водат асфалтирани патишта освен до Пасјачкото маало. Селото Нов Истевник се наоѓа на оддалеченост од 14 километри од центарот на Делчево. На исток селото граничи со атарите на селата Стар Истевник, Панчарево и Црник, на север со Тработивиште, на запад со Разловци, на југ со селото Умлена од соседната општина Пехчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Селото Нов Истевник се состои од 3 маала:

“Балабанско маало” (Балабанци),  “Курачко маало” (Кураците) и “Пасјачко маало” (Пасјако)

Во атарот на селото се наоѓаат повеќе знаменитости кои вредат да бидат посетени од страна на било кој добронамерник, љубител на природата и руралните убавини.

Локации и знаменитости за посета: Црква Свети Атанасиј Михаил

Локации и знаменитости за посета: Природни рељефни форми КУКУЉЕ

Локации и знаменитости за посета: Стара селска архитектура

 

 

Извор: Дестинација Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace