Нема разлика од времето кога прво видување – било фотографија. По слика и бендисување по неа – патувале за мажачка / женачка на дуги континенти.
Дали се видоизменувале фотографиите како што се прави сега? Да. Се ретуширале.
ФБ само дава можност, бидејќи веќе нема стројници, да се здушат луѓето еден со друг – по слика. И не цела става. Само ликот.
Ние сме уверени дека по ликот на фотографијата можеме да оцениме дали човекот е добар или не, ќе ни одговара нам или не. Можеме ли да го засакаме.
Да. Истото го правиме и ние денес како и генерации пред нас. Одлучуваме по фотографија.
Ние мислиме дека карактерот на човекот се огледува на ликот, дека карактерот го обликува ликот, дека добрината или лошотијата се запишуваат на цртите.
Ги забораваме манипулаторите, со годините и ние стануваме се повешти во играта, кои многу умешно можат своите лица да ги натопат со добрина, лошотија, тага, радост, итрина, лудост. Тоа го прават од интерес. Без чувства. Тие сите ги гледаат како плен, да добијат нешто, да остварат нешто.
Интересно е следното – обликот на телото на личноста е второ за разгледување. Душата прва има збор. Ги гледа таа очите на понудената фотографија. Дека душа. Затоа : ) Потоа телото ќе се јави со свои мисли, размисли и потреби. Душата му вели (ако има несогласување) – Мене за добар ми личи, стори ниет, за мене.
И така : )
Исто е се.
Вие нудите фотографија. Најдобра можна. Вие гледате туѓа фотографија.
И јас за себе мислам дека можам по фотографија да ги знам луѓето. По насмевка. По нешто.
Има добрина во сите кога така размислуваме. И треба. Нека ја.
Извор: Фејсбук профил на Маја Чачоровска


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст