Во сабота 01.06.2019 година во организација на Унија на македонските училишта во Швајцарија –Романди беше реализирана незаборавна детска престава на македонските ученици во Швајцарија.
Во Швајцарскиот град Ешалан на сцената прозвучи преубавиот детски рецитал на Македонски јазик со огромно чувство на топлина и љубов повегу присутните родители и гости.
Во продолжение споделуваме мал фрагмент од претставата приредена од Македонските ученици кои добија и мали признанија во вид на благодарници за промоцијата на наставата на Македонскиот јазик и култура о Швајцарија.