МАКЕДОНИЈА
Игор Костески, загинат македонски бранител кај Вејце во 2001 година
Има една земја тажна
има народ еден тажен
има векови поминати
има темници гледано
има вечни соништа
има една – а не три!
Има песна исконска
има чекори длабоки
има мисла надежна
има срце челично
има љубов внатре
има вода, гори и долини
има една – а не три!
Има сонце
има еден корен
има гнев и омраза
има и заборав
има вера и вистина
има една – а не три!
Има Македонија
Извор: Македонска поезија
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели
За силна држава Македонија, потребни се силни Македонски одлуки, Премиерот да опстои до крај на својата најава!
Две Европи