Локалните власти во општина Македонска Каменица предвдеи од Градоначалникот Димче Атанасовски уште од првиот ден од стапувањето на своите должности огромно внимание посветуваат на хуманистиките аспекти на урбанот живеење во градот. Македонска Каменица денес е еден од најдобро уредените урбани центри, со големи зелени површини, кои што восхитуваат со својот изглед и вариетети на содржини кои што овозможуваат благопријатен секојдневен живот за граѓаните.
Деновиве екипите на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица се во полна пареа ангажирани за подготовка и уредување на големи јавни површини на повеќе локации низ градот за хортикултурно уредување во наредниот период. Општината заедно со претприатието планираат да засадат огромен број цвеќиња од различни видови, со што овој град на крајниот исток во Македонија ќе биде пепознатлив пред сите други во регионот.
“ Поволните временски услови ги користиме за уредување на цветните леи, како подготвителна активност пред пролетната акција за засадување на цветни аранжмани за разубавување на Македонска Каменица
Работиме на уредување на просторот околу пристапната патека кон трибинскиот дел на градскиот стадион во Македонска Каменица
Поставуваме нови водомерни единици за потребите на повеќе корисници од Буќерско маало
Спроведуваме градежни активности за изградба на нов крак од атмосферската канализација на улица Вера Јоциќ и активности за санација на постоечките одводни пропусти и затворени канали на овој дел од градот
“
-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фронтмен на Левица во Штип ја напушта партијата
соопштение од старешината при храмот Св. Георгиј Победоносец – Кочани
Книгата на жалоста преместена во кочанскиот храм