БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонска Каменица во ек на градежна експанзија. Недостасуваат паркинг места кои општината започна да ги гради на повеќе локации

Пренеси го гласот

Малото рударско гратче на истокот од државата, пополека прераснува во модерна и урбана средина со која се гордеат нејзините жители. Македонска Каменица веќе подолг период наназад има потреба од зголемен број на паркинг места во централното градско подрачје. Ваквиот проблем кој што беше експлицитно барање на граѓаните на Македонска Каменица наиде на соодветен одговор од Градоначалникот на општината Димче Атанасовски кој уште од почетокот на својот мандат се зафати со планирање, а сега веќе по создавање на теренски услови за работа и со интензивно уредување на новите паркинг места.

Нови паркинг места ќе никнат на повеќе локации низ центарот на Македонска Каменица со што значително ќе се подобрат сообраќајните услови и безбедноста во сообраќајот но и значително ќе се подобри визуелниот изглед на јавните простори низ градот..

Во тој контекст треба да се спомене дека од поодамна е присутен апелот на општинските власти до сопствениците за дислокација на хаварисаните возила од јавните површини низ централното градско подрачје.

Со тоа Македонска Каменица оди чекор напред кон модерна и репрезентативна населба за гордост на нејзините жители.

“Започнавме да го решаваме проблемот со паркинг простор во Македонска Каменица. Се прошируваат постоечките и се градат нови паркинзи на повеќе локации во централното градско подрачје. Сите граѓани кои имаат хаварисани возила кои подолг временски период зафаќаат паркинг места, потребно е истите да си ги дислоцираат.

По првомајските празници, Општина Македонска Каменица заедно со ЈП Камена Река ќе ги дислоцира непоместените хаварисани возила на трошок на сопствениците, а ќе бидат покренати и соодветни постапки. Продолжуваме посветено и одговорно во градењето на модерна општина.”

-соопшти Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во оваа прилика за јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот